Зошто бебето се буди кога го ставаме во кревет?

Сигурно ви се случува вашето бебе да се разбуди веднаш штом ќе го ставите во неговото креветче.

Но, сè е до техниката!
„Кога наеднаш ќе го легнете вашето бебе во креветчето откако претходно сте го држеле во вашите топли и сигурни раце, повторно ќе ги разбудите неговите сетила.

Поради ненадејната разделба од вас бебето чувствува дека е под стрес и поради тоа се буди.

„Ако го ставите на страна и продолжите да го „држите“ додека го спуштате во креветчето, неговото тело постепено ќе се прилагоди на новата средина, па детето нема да се разбуди“, објаснува медицинската сестра Кортни.

Правилно спуштање на бебето во четири едноставни чекори

Обрнете внимание на тоа како го спуштате вашето бебе – важно е да не го спуштате хоризонтално, туку прво да ја допрат подлогата со неговите стапала .

Не го ставајте вашето бебе во креветчето на грб, туку нежно свртете го на страна.

Кога ќе го спуштите бебето, држете го уште малку со раце, нишајте го, тапкајте го по газето, за да заспие поцврсто во положбата во која се наоѓа.

Само кога сте сигурни дека бебето спие цврсто, нежно свртете го во положбата во која обично спие и извлечете ја прво едната, а потоа и другата рака.