Зошто црните маслинки се совршен меѓуоброк во перименопауза

Во постојаната потрага по здрави опции за ужина, црните маслинки често се занемаруваат. Но, тие се изненадувачки богати со нутритивни предности.
Перименопаузата е период во животот на жената кој може да биде проследен со бројни физички и емоционални промени, а правилната исхрана игра клучна улога во ублажувањето на симптомите. Една од често занемарените, но исклучително корисни закуски во овој период се црните маслинки. Овие мали, но моќни плодови нудати голем број здравствени придобивки што го прават идеален додаток во исхраната за жени кои минуваат низ хормонални промени.

Маслинките се многу повеќе од само ужина – тие се функционална храна со антиоксидантни, антиинфламаторни и кардиопротективни својства, објаснува Јарасет дел Кастиљо Ортега, нутриционист во Antiaging Medical Institute во Мадрид.

Ова е исклучително важно бидејќи ризикот од срцеви заболувања се зголемува со намалувањето на нивото на естроген за време на перименопаузата.

Маслинките се одличен извор на витамин Е, моќен антиоксидант кој помага во заштитата на клетките од оксидативен стрес, потенцијално забавувајќи го процесот на стареење и дегенеративните промени во телото. Покрај тоа, тие содржат железо, кое е од суштинско значење за производство на енергија и спречување на замор, како и растителни влакна, кои придонесуваат за здравјето на дигестивниот систем и регулирањето на шеќерот во крвта.

Црните маслинки содржат високи нивоа на фенолни соединенија, вклучувајќи олеуропеин и хидрокситирозол. Овие биоактивни супстанции имаат моќни невропротективни и анти-ејџ својства. Тие дејствуваат како природна заштита за мозокот, што е особено важно за време на перименопаузата, кога жените често се соочуваат со проблеми како што се заборавеност, промени во расположението и несоница.

Покрај сите нивни здравствени придобивки, црните маслинки се и многу практични – лесни се за чување, не бараат подготовка и можат да се консумираат сами или да се додаваат во салати, сендвичи и оброци. Нивниот богат, солен вкус ја задоволува потребата за грицки, но без додаден шеќер или нездрави масти.

исхранамаслинкиперименопауза