Зошто децата толку многу сакаат да гледаат цртани филмови?

Има причини зошто децата толку многу ги сакаат цртаните, но има и надеж во однос на прашањето кога конечно ќе преминат на содржини кои се интересни и за возрасните, како на пример на некои симпатични серии кои може да ги гледа цело семејство.

Тифани Ман, сертифициран специјалист за детски живот во Providence Health & Services, во интервју за Romper рекла дека возраста на вашето дете влијае на тоа каков вид на телевизиски содржини претпочита. Цртаните се анимирани за да го задоволат она што им е потребно на нивните млади мозоци за развој и раст.

„Цртаните се карактеризираат со светли бои, различен степен на движење, едноставни теми или пораки што децата можат да ги разберат, пократко траење, различни звуци и други стимули кои ги интересираат децата“, вели Ман.

Децата гравитираат кон содржини со кои можат да се идентификуваат
Така, ликовите во цртаните често се и самите деца или животни, суштества, автомобили или возови кои се однесуваат како деца. „Децата се многу заинтересирани затоа што цртаните филмови истражуваат развојно соодветни теми – како што се љубезност, да се биде добар пријател, издржливост, што да се прави кога се исплашени и слично. Цртаните филмови најчесто ја поттикнуваат огромната имагинација на децата, давајќи им увид во тоа како е да се биде доктор, принцеза, пилот или астронаут.
Така, иако сите светли бои и среќни суштества можат да го држат вашето дете залепено за телевизорот, Ман вели дека неговата поврзаност со ликовите е она што ќе го задржи заинтересирано за следната епизода.

„Забележав дека децата ги преокупира поврзаноста со детето од другата страна на екранот, без разлика дали е анимирано или не“, вели Ман.

„Како и со секоја медиумска содржина, родителите сепак треба да го филтрираат она што го гледаат нивните деца и тинејџери. Во овој период кога недоследноста е нова норма и стравот се прикажува преку социјалните мрежи и медиумите, важно е да им се понуди содржина што се однесува на теми на издржливост, на тимска работа и храброст, но истовремено и оние кои допираат до нашите предизвици во реално време“, заклучила Ман.

дететелевизијацртани филмови