Зошто мајките во Јапонија не ги туркаат децата во колички, туку ги носат во носилки за бебиња

Низ историјата, бебињата биле носени со „онбухимос“, што во превод значи „појас за носење на грб“. Станува збор за носилка направена од мека ткаенина, која им била прилично удобна на жените кои со себе на оризовите полиња морале да ги носат бебињата и малите деца. Ваквиот начин на носење бил најсоодветен за да можат да внимаваат на децата додека работеле.

Физичката врска помеѓу мајките и бебињата е многу важна
Врската помеѓу јапонските мајки и нивните бебиња е многу силна бидејќи тие многу ја ценат физичката поврзаност. Ги вклучуваат своите деца во активности уште од мали нозе и не ја пропуштаат можноста да бидат физички блиску до нив.

Децата кои се носат се порелаксирани
Според студијата спроведена во Јапонија на 12 здрави бебиња, откриено е дека бебињата кои се носат се порелаксирани и имаат побавен пулс. Истата студија покажала дека бебињата што ги носат нивните мајки за време на прошетката се поопуштени и помирни од бебињата кои седат во количка, без оглед на возраста или на брзината на одење на мајката.

Носењето на бебето е попрактично кога користите јавен превоз
Бидејќи голем број Јапонци користат јавен превоз, мајките кои би сакале да се движат низ Токио или други градови со автобус, метро или воз бараат погодно решение. Тие претпочитаат да ги носат своите бебиња во носилка за бебиња или во марама, наместо во количка, бидејќи на тој начин не мора да се грижат дали тркалата ќе им се заглават додека влегуваат и излегуваат од возилото.