Зошто не си како Дарко или како Марко?

Психолозите предупредуваат дека родителите често несвесно можат да му наштетат на своето дете со своите изјави, особено кога станува збор за неговото ментално здравје. Како што пренесува Your Tango, една реченица може да биде особено опасна. Како што објаснуваат експертите, многу родители имаат навика да го прашуваат своето дете зошто не може да биде како некој друг, најчесто споредувајќи го со други деца.

Споредувањето на детето со неговите врсници може да создаде чувство на несоодветност и да го натера да се чувствува како никогаш да не ги исполнува очекувањата. Изговарањето на оваа реченица негативно влијае на неговото самоприфаќање, ја уништува неговата самодоверба и поттикнува негативен начин на размислување.

Психолозите нагласуваат дека родителите треба да му помогнат на своето дете да ја прифати својата индивидуалност и да не се споредува со другите, што може да биде многу опасно, особено во тинејџерските години.

детепсихолозиспоредба