Зошто некои бебиња спијат подобро од другите?


Дали понекогаш мислите дека сите бебиња околу вас спијат толку лесно и слатко и дека само вие имате проблеми со вашето? И нема поненаспиен човек, од мајка која мака мачи со сонот на своето дете.

Студијата спроведена на речиси 1.500 трудници се обиде да ја расветли оваа појава.

Откриено е дека бебињата на мајки кои имале лошо ментално и физичко здравје за време на бременоста имаle потешкотии со спиењето.

Без оглед колку се точни овие податоци, тоа е дополнителна причина да се грижиме за здравјето на жената за време на бременоста.

Зошто некои бебиња спијат полошо?

Општо е познато дека состојбите како анксиозност, депресија, стрес и семејно насилство може да доведат до лоши здравствени резултати за доенчињата.

Меѓутоа, сега се смета дека тие влијаат и на квалитетот на сонот. Може да се заклучи дека некои бебиња веќе во утробата имаат предодредено какви ќе бидат нивните навики за спиење.

Тие не зависат премногу од нив, туку според ова ново истражување, од начинот на живот на нивната мајка.

Студијата исто така открила дека голем процент од мајките, околу 60 отсто од нив, имаат проблеми со сонот на своето бебе, најмногу во текот на првата година од животот.

Од тие 60, 20 проценти пријавиле „посериозни и потешки“ проблеми, а се верува дека имале проблеми со менталното или физичкото здравје за време на бременоста.

Така, експертите заклучиле дека сонот на детето ќе биде значително повеќе под влијание на благосостојбата на мајката отколку на нејзините родителски методи.

Со овие нови информации се надеваат дека здравјето на жената за време на бременоста ќе добие уште поголем приоритет.

Физичкото, кое ни паѓа на ум прво на сите нас, но и запоставеното емотивно, би требало да бидат во прв план.

бебесонспиење