Откако ќе одлучите дека сакате да станете родители, почнуваат да се појавуваат многу прашања, од името на детето, производите и додатоците што треба да ги купувате и слично се само дел од работите на кои треба да мислите, а најчесто ќе размислувате за стилот на воспитување што би сакале да го усвоите.
Строго придржување кон еден стил на родителство или комбинација од неколку
Постојат многу стилови на родителство. Додека некои се држат до еден и внимателно го следат, други земаат по малку од различни стилови за да го состават оној кој е совршен за нив. Тоа е затоа што секое семејство е различно и секое дете е различно и важно е да се земат предвид сите овие фактори.
По изборот на стилот на родителство, родителите може да станат фрустрирани кога ќе увидат дека работите не функционираат баш како што се надевале. Иако можеби прочитале цело брдо од литература за родителство и слушале многу стручни совети, сепак реалноста изгледа покомплицирана отколку што можеле да замислат.
Она што е особено фрустрирачко е кога ќе забележите дека истите принципи на родителство функционираат совршено добро за другите родители. Вистината е дека родителството е малку како сложувалка и може да биде долготраен процес во кој би можеле со време да откриете што ќе функционира за вашето семејство.
Можеби е до вашето дете
Најочигледниот одговор е дека причината поради која сте заглавени во спроведувањето на родителските правила лежи во специфичноста на вашето дете. Ова во никој случај не значи дека нешто не е во ред, тоа само значи дека секое дете е различно. На пример, ако се одлучите за авторитарен модел на родителство, но вашето дете не реагира добро на тоа, причината за ова би можело да биде тоа што е можеби по природа почувствително. Според Very Well Family, авторитарното родителство вклучува пристап каде што родителите се „газди“ и честопати не ги земаат предвид чувствата или мислите на нивното дете. Ако вашето дете е малку почувствително, можеби ќе му треба понежен пристап.
Можеби е до вас
Од друга страна, можеби причината зошто некој родителски стил не функционира, е во вас. Повторно, ова не значи дека нешто не е во ред со вас, но можеби родителскиот стил што се обидувате да го имплементирате едноставно не одговара на вашата личност. Според PsychCentral, родителите мора да се стремат да најдат пристап кој одговара и на нивниот карактер и на карактерот на детето. Во спротивно, работите против својата природа и се терате себеси да правите нешто што длабоко во себе не го поддржувате.
Можеби се должи на вашата домашна и семејна атмосфера
Според Bosco App, сите стилови на родителство имаат свои предности и недостатоци. Проблемот е во тоа што кога набљудувате и се обидувате да го копирате она што го прават другите, веројатно не земате предвид дека целата нивна домашна средина може да биде различна.
Можеби во нивниот дом сè мора да се случува според распоредот и рутините, па избрале поавторитарен стил на родителство и тоа им функционира затоа што така треба да функционира нивниот дом. Ако вашиот дом и распоред ви дозволуваат да бидете поопуштени и пофлексибилни, строгиот стил на родителство можеби нема да му одговара на вашиот дом.
Треба да го разгледате секој аспект од вашиот живот за да одлучите кој стил на родителство ќе работи за вас. Ако стилот на родителство што сте го избрале споредувајќи се со блиските не функционира, тоа не е затоа што тоа го правите погрешно, тоа само значи дека треба да пробате нешто друго.