Зошто сè повеќе татковци одат на родителско отсуство и зошто ова менува сè

Дa бидеш родител е тешко, но на крајот се исплати. До пред неколку години беше вообичаено мајките да поминуваат 12 месеци по породувањето дома со своите деца, но денес не е чудно кога ќе слушнете дека тоа време подеднакво го делат со своите партнери. Првите шест месеци мајката ги поминува со бебето, потоа се враќа на работа, а таткото зема родителско отсуство во следните шест месеци. Тоа е мудра одлука. Татковците се исто толку важни како и мајките, а децата имаат огромна корист од тоа што се тие толку вклучени во нивните животи.

BrightSide ги наведе причините зошто татковците треба да земат татковско отсуство, доколку можат.

1. Мајките се чувствуваат помалку депресивно
Според студијата, татковците кои не се занимаваат со семејни работи може да предизвикаат депресија кај мајките. Колку поактивно татковците се вклучени во грижата за бебето, толку е помала веројатноста да се појави постпородилна депресија. Затоа е важно татковците што поскоро да почнат да се грижат за своите деца.

2. Бракот станува посилен
Истражувањето покажало дека 90 отсто од мажите кои земале татковско отсуство забележале подобрување во нивните брачни односи. Емоционалната поддршка на татковците во првите денови од грижата за бебињата значително го зајакнала нивниот брак. Покрај тоа, се верува дека татковците кои земаат татковско отсуство имаат постабилни родителски односи.


3. Се промовира родовата еднаквост
Активното учество на татковците во грижата за бебињата може да го промени стереотипот дека тоа е женска одговорност. Освен тоа, децата го следат примерот на своите татковци. Истражувачите велат дека татковците влијаат и на идните улоги на нивните деца како родители и партнери.

4. Жените порано се враќаат на работа
Економистите веруваат дека прекините во кариерата на жените доведуваат до полоша позиција во нивното поле на работа. Ова води до нарушена економска перспектива. Се верува дека татковското отсуство им помага на жените полесно да најдат работа или да ѝ се вратат на постојната.

5. Децата имаат големи придобивки
Според истражувањата, децата кои остануваат со своите татковци покажуваат подобар успех на училиште. Дополнителното време на поврзување помага и подоцна да се изгради силна врска татко-дете. Татковците кои земаат слободно време за да се грижат за своите деца ја изразуваат својата љубов и интерес на мали начини: со допир, играње, зборување или само држење. На овој начин татковците испраќаат важна порака до своите деца: „Те сакам и ти си ми важен“.