Зошто викањето не функционира? Кога го покачувате тонот, кај децата се активни само оние делови од мозокот кои служат за одбрана и заштита

Начинот на кој родителите се однесуваат во одредени ситуации може да има големо влијание врз развојот и долгорочното здравје на детето, предупредуваат психолозите. Како што пренесува порталот Parents, секој родител повремено чувствува потреба да го крене гласот во комуникацијата со своето дете, особено ако тоа прави нешто што не треба. Сепак, викањето на децата има многу негативни последици, додека позитивни нема.

Лора Маркам, клинички психолог и автор на неколку книги за детска дисциплина и родителство без викање, објаснува како викањето всушност е одредено ослободување од гнев, но во никој случај не е ефикасен начин за промена на однесувањето. Наместо детето да сфати што згрешило, ако родителот му се развика, тоа претставува одредена закана за него и мозокот на детето не може ништо да научи.

Значи, активни се само оние делови од мозокот кои служат за одбрана и заштита. Тоа би значело дека викањето нема никаков позитивен ефект врз детето и поправање на неговото однесување, туку само кај него буди желба за реакција, односно да се брани, што може да резултира само со дополнителен конфликт.
Психологот Џозеф Шранд се согласува, додавајќи дека викањето може да направи децата да се чувствуваат девалвирани.

„Заедничката нишка што ги поврзува речиси сите луѓе е желбата да се чувствуваат ценети. За повеќето од нас, чувството дека другите не ценат е начин на кој ја мериме сопствената вредност и како одредуваме дали сме важни за светот околу нас. Кога ни викаат, се гледаме себеси како неадекватни и ги преиспитуваме нашите способности. Затоа, викањето е еден од најбрзите начини да создадете кај некого чувство на помала или на никаква вредност“, објаснува д-р Шранд.

Покрај тоа, истражувањата покажаа дека викањето кај децата може да поттикне анксиозност, депресија и ниска самодоверба. Имено, научниците кои учествувале во гореспоменатите студии објаснуваат дека децата на кои често им се вика се повеќе склони кон анксиозност и депресија во подоцнежниот живот.

roditeliвикањедеца