Апликации со кои може да следите што прават вашите деца на мобилен

Сигурно барем некогаш сте се прашале што прават вашите деца со часови „дремејќи“ на мобилниот... сега можете да дознаете

0
777

Дали некогаш сте размислувале за тоа колку време вашето дете поминува „дремејќи“ на мобилен?

Дали некогаш сте се прашале која е содржината што толку го окупира нивното внимание и можат ли сите нивни активности на мобилен да се следат за да ги држите под контрола? За среќа, постојат различни решенија кога станува збор за паметните телефони и можностите шти тие ги имаат. Веќе некое време, на пазарот е присутна цела низа апликации за мобилни телефони кои овозможуваат ограничување на времето што детето го минува на мобилен или на одделни апликации како и преглед на апликациите што ги користи детето.

Меѓутоа, овие алати за филтрирање на содржината треба да се сфатат само како едно од решенијата кога станува збор за сигурноста на децата затоа што можат многу лесно кај детето да предизвикаат отпор или фрустрација. Пред да инсталирате некои од апликациите кои ви ги нидуме во продолжението, ви советуваме сите заедно да поразговарате за тоа.


Dinner time 

Во било кој момент можете да го ограничите времето што детето го минува користејќи го апаратот или некоја апликација. Можно е дури и да се ограничи или целосно да се блокира (освен алармот за будење) користењето на апликациите во текот на ноќта, во текот на времето за учење или за време на ручекот. Dinner time нуси и можност за следење на сите активности на детето на апаратот.

Screen time 

Преку Screen Timea лесно се одредува листата на апликации кои ќе му бидат на располагање на детето, но и листата на оние кои сакате секогаш да му бидат на располагање, како и листата на оние чија употреба ќе биде ограничена. Користејќи Screen Time родителите можат привремено да запрат одредена апликација или во целост да ја блокираат, да проверат кои апликации децата ги презеле на своите уреди и да ги одобрат пред да почне нивната инсталација. Посебноста на оваа апликација е во тоа што преку една сметка може да се контролираат неограничен број на уреди.

Kids Place

Ова е апликација која овозможува сортирање на апликации што детето може да ги користи на својот мобилен. Kids Place оневозможува повикување на броеви, испраќање на пораки, преземање на нови апликации и сите останати активности што би можеле да предизвикаат трошок. Оваа апликација е наменета за родителите кои имаат помали деца.

My Mobile Watchdog

Со оваа апликација имате можност да го ограничите пристапот до апликации и интернетски страници. Освен тоа, гео-локаторот во секој момент може да ви открие каде се наоѓа вашето дете.

Pumpic

Ако ја инсталирате оваа апликација, ќе можете да ги видите сите позиви и пораки, но и онлајн разговорите на вашето дете преку Whatsapp, Viber, Facebook или Skype. Pumpic овозможува и увид во преземените датотеки, снимените фотографии и видеа.

loading...