Аутизмот поврзан со пушењето во бременоста?

Истражувањето на универзитетот во Бристол покажало дека е аутизмот поврзан со пушењето во бременоста. Накусо, девојките чии баби по мајка пушеќе во бременоста имаат 67 отсто повеќе шанси да изразат особини на аутизам.

0
609

Научници од универзитетот во Бристол истражувале 14.500 учесници кај деца од 90-тите и откриле дека кај оние девојки чии баби по мајка пушеле во текот на бременоста имаат сериозно зголемени шанси да изразат некои особини кои се врзуваат за аутизам, како што се полоша друштвена комуникација или повторувачко однесување. Овој тим на стручњаци исто така открил дека бабите кои пушеле во бременоста, на своите внуки им го зголемиле ризикот од дијагностицирање на аутизам за 53 отсто.

Овие откритија укажуваат на тоа дека, ако е жена изложена на чад од тутун додека е уште вп матката, тоа може да влијае на нејзините јајце клетки во развојот, а со тоа и на промени кои можат да влијаат и на развојот на нејзините сопствени деца. Затоа се потребни натамошни истражувања за да се открие што можат да бидат тие молекуларни промени, како и дали слични предвидувања можат да с еоднесуваат и на други групи на луѓе.

Истражувањето за тоа дали е аутизмот поврзан со пушењето во бременоста е објавено во медицинскиот журнал Scientific Reports и претставува дел од подолга студија која ги испитува ефектите од пушењето на двајцата родители на мајките чии деца се родени во 90-тите, за да се утврдат потенцијалните ризици и да се предупреди за причинителите за идните поколенија.

Со оглед на тоа што живееме во време кога е забележан значителен пораст на аутизмот – што е повторно поврзано со напредокот на медицината и подобрената дијагностика, не можеме да го порекнеме фактот дека некои од причините треба да се побараат и во сменетиот начин на живот и навиките. И иако се уште не е до крај познато влијанието на пушењето на аутизмот, она што знаеме, а според зборовите на професор Маркус Пембри, е следното:

„Знаеме дека пушењето може да ги оштети ДНК митохондриите – бројни „енергетски пакети“ кои се наоѓаат во секоја клетка, и знаеме дека митохондриите се пренесуваат само на следната генерација преку мајчиното јајце. Иницијалните митохондријални ДНК мутации често немаат директен ефект врз самата мајка, но нивното влијание може да се зголеми кога се пренесува на нејзините деца.“

Дури и ова недовршено истражување е повеќе од доволна причина да престанете со пушење, да не дозволувате пушење во својот дом и во својата близина, и воопшто, да ги избегнувате местата и просториите во кои има тутунски чад. Дури и ако самите не сте активни пушачи, пасивното пушење може да влијае врз идното здравје и на вас и на вашето дете.

Повеќе за истражувањето побарајте на порталот Neuroscience News.

[better-ads type='banner' banner='999' ]