Bebalino.com: платформа за изнајмување на детска опрема

Сега е сезона на патувања, а оние кои имаат мали деца знаат што се им е потребно да спакуваат и да понесат за своите деца кога ќе тргнат некаде

0
307

Првата глобална платформа за изнајмување на опрема за бебиња и деца до пет години, Bebalino.com, ја поставиле двајца татковци кои на сопствена кожа почувствувале колку е важна опремата за бебињата и за децата до пет години кога се оди на патување за да се чувствуваат како да се дома и да ја задржат својата рутина и удобност.
Кога треба да се патува некаде, а имате мали деца, веројатно багажникот ќе го наполните многу брзо само со неговите работи. Токму затоа двајца татковци од Хрватска ја осмислиле страната Bebalino.com која овозможува наем и преземање на сета потребна опрема за бебињата и децата до пет години, било каде во светот.
Парувањето со бебе и со мало дете е вистински предизвик затоа што вкупната тежина на предмети кои родителите треба да ги земат со себе за едногодишно дете изнесува помеѓу 14 и 20 килограми. Со две деца кои се уште се возат во количка, тежината е двојна, а да не зборуваме за потребниот простор.
Она што оваа страна го нуди е наем на количка за шетање, столче за хранење, автоседиште, играчки или некоја друга опрема.
Сајтот помага да се најде потребната опрема на дестинацијата за вашето патување и да се закупи се на едно место. Голема предност е можноста за достава на резервираната опрема на адресата од вашето престојувалиште. Иако концептот не е нов, Bebalino.com како прв глобален маркетплејс дава можност за создавање на дополнителен приход од изнајмување на сопствената опрема.
Имено, регистрираните членови можат да изнајмат опрема во текот на патувањето, но и да им ја изнајмат сопствената опрема на други членови/туристи, такашто концептот делува во двете насоки.

[better-ads type='banner' banner='999' ]