Бебињата би требало да спијат со мама и со тато

„Или ние не знаеме ништо за антропологијата или сите овие модерни стручњаци не знаат баш ништо за бебињата“, рекол антропологот и признат експерт професор Џејмс МекКена.

0
1001

Кога некој толку стручен ќе каже дека модерното родителство баш и нема претерано многу врска со нашата долгодоишна антропологија, би било реално да поверуваме во тоа. За таа тема, а особено за темата за заедничкото спиење на родителите со децата, неодамна зборуваше врвниот светски антрополог и стручњак за бебиња Џејмс МекКена кој е воедно и директор на лабораторијата Mother-Baby Behavioral Sleep.

Неговата приказна за чудењето кое кај него го предизвикува модерното родителство почнала кога тој и сопругата го чекале првото дете.

„Како и сите млади родители се снабдивме со книги и модерна теорија за одгледување на децата, но после извесно време прелистување и читање заклучивме дека тие книги не само што не ни требаат, затоа што даваат толку контрадикторни пораки, туку ни се чини дека многу се разликуваат од анторпологијата која ја учевме и ја проучувавме.

„ Или ние не знаеме ништо за антропологијата или сите овие модерни стручњаци не знаат баш ништо за бебињата“, заклучил тој.

Изгледа дека западните општества заборавиле дека бебињата си имаат свои потреби и дека би требало да ги слушаме, наместо од првиот ден да се обидуваме да влијаеме врз нив да станат се она кон што тежнееме. Во тоа е основниот проблем.

Студентите на антропологија уште на првиот час учат дека човечките новороденлиња се најчувствителни, им требаат најмногу допири и близина, дека се развиваат побавно од другите суштества и дека заради сето тоа им треба повеќе грижа отколку на животните. И развојот на мозокот па со самото тоа и развојот на се друго е кај бебињата побавно отколку кај другите суштества, побавно се одвива и развојот на системот за варење, па бебињата на луѓето се многу понесамостојни од другите.

Знаете ли колку ним им значи допирот на мајката? Знаете ли дека со само еден допир можете да влијаете на крвниот притисок на бебето, на неговото дишење, температура, ниво на стрес, растот и развојот. Само со мал допир и толку потребната близина ќе му дадете на бебето многу повеќе од храна и внимание, а модерните родители би сакале тоа да го укинат.

Секако, постојат бебиња кои полесно заспиваат сами, но тоа е работа на навика, а не низна потреба да спијат сами. Ако се прашува бебето. Мајката не би требало ниту секунда се се одвои од него, а камоли да ги остава сами цела ноќ. Не постои нешто што се вика самостојно бебе. Проверете некогаш како дише вашето бебе, следете го своето дишење и ќе видите дека после некое време и бебето ќе почне да дише синхронизирано како и вие. Толку е силна врската помеѓу бебињата и родителите, па е навистина нелогично модерните родители да се учат да поставуваат било каква граница помешу себе и тоа малечко, тукушто родено суштество.

„Ова го докажуваат истражувањата вршени врз мајмуните, кои се најсчини со луѓето. Малите мајмунчиња после кратко време откако мајката е тргната од нив покажуваат прилично високо ниво на стрес, неправилна работа на срцето, дури и пад на имунитетот ако мајката била подолго одвоена од малечкото. Кога се тие толку чувствителни, колку ли се тогаш чувствителни најчувствителните суштества од сите – човечките бебиња?“, објаснил МекКена и истакнал дека токму заради ваквите резултати од истражувањето посакал што повеќе да продре во темата и заедно со својот тим собрал стручњаци со цел да откријат дали навистина постои и во која мерка постои разлика помеѓу бебињата кои спијат сами  и бебињата кои спијат со родителитре, најчесто, со мајката. И навистина. Резулчтатите поткроле разлики, токму вакви какви што опишавме дека се појавиле кај малите мајмунчиња.

„Тоа е нешто што нашите баби го знаеле затоа што никој не ги уверувал во спротивното. Денешните струњаци за родитеклство се оглушуваат на антропологијата и прават се за да ги наведат модерните родители на некои нови правила на однесување кои ќе не оддалечат од нашата биологија, а ќе не приблишат до роботите затоа што како инаку би го објасниле настојувањето на модерните луѓе кои велат дека луѓето би требало да спијат минимум 8 часа дневно, а бебињата и двојно повеќе и дека малките деца би требало задолжително да спијат цела ноќ. Тоа го нема во антропологијата. Сите сме толку индивидуални, нашите денови се толку поинакви што е прилично нелогично некому да нму се налоѓи дека мора да спие од 23 часот се до 7 наутро, затоа што во спротивно би можела да им се дијагностицира несоница.

Денеска работите се обидуваат да се стават во некакви рамки, како да сме роботи, на што возрасен човек можеби и би можел да се прилагоди, но мало дете кое чувствува, кое е се уште премало за да мисли и да ги изразува своите потреби – кој ќе ги стави нив во такви рамки?, се прашува тој и самиот си одговара:

„Мама и тато – тие ќе создаваат кај него навика од првиот ден и можеби ќе иуспеат во тоа, но на штета на човековата биологија и конечно, на вистинската човечка потреба.

Западните општества станаа толку стриктни, толку спакувани во рамки па често заборава дека бебињата се мали суштества кои учат и кои живеат по правилата на своите инстинкти. Бебињата немаат план што с родат, да им го загорчат животот на своите родители. Всушност, отприлика сио шестиот – седмиот месец, децата го немаат она што е денеска врежано да се мисли – свои желби. Тие имаат своите потреби и не сакаат заради тоа ниту да манипулиреаат со своите родители, ниту да им го прават животот теок. Поточно, бебињата не сакаат ништо друго освен она што им треба – а им треба близината и грижата на родителите, и дење и ноќе“, тврди овој признат експерт.

loading...