Бебињата плачат и сонуваат и во стомакот

Создавањето и раѓањето на бебињата е неисцрпна тема која секогаш буди интерес. Дали знаевте дека...

0
357

Секогаш кога станува збор за бременост има уште нешто што дотогаш не сме го знаеле…Така постојано не изненадуваат новите сознанија врзани за бебињата, бременоста и раѓањето.

Во текот на бременоста на жените им се изоструваат сите сетила, посебно за мирис заради што не можат да поднесат одделни намирници кои порано ги сакале.

Првата бременост обично трае недела-две подолго од наредната.

Бројот на близначки бремености во последните две децении е четири пати поголем.

Во последните 15 години породувањата со царски рез се зголемени за 27 отсто. Ваквиот тренд на раст е последица од тоа што денешните жени заради кариерата многу подоцна се одлучуваат за потомство.

Во бременоста се менува ритамот на растење и паѓање на косата, повеќе расте, а по породувањето повеќе паѓа. Нормален ритам се воспоставува обично шест месеци по раѓањето на детето.

Бебињата се активни и во текот на бременоста. Во стомакот на мајката си играат со папочната врвца, го цицаат прстот, плачат и сонуваат. Докажано е дека од четвртиот месец можат да ги препознаат гласовите на мајката и на таткото.

Бебињата родени во мај се обично потешки од оние родени во другите месеци од годината. Овој податок се припишува на празничните богати трпези во претходните месеци кога мајките консумираат калорична исхрана.

loading...