Бејби мултипрактик: 9 функции во 1 производ

Бејби мултипрактик е памучно ќебенце, кое со додавање на неколку едноставни работи добива 9 функции, меѓудругите, навлака за количка, транспортер, па дури и марама за доење...

0
576

Бејби мултипрактик е памучно ќебенце, кое со додавање на неколку едноставни работи добива 9 функции.

Во средината се додадени отвори за ќебенцето да може да се користи како навлака за количка, транспортер, столче за хранење, релаксатор, столче за во кола. Низ отворите се вадат безбедносните ремени за да се прицврсти детето. Ќебенцето му дава нов изглед на работите што ги користите, ги заштитува од оштетувања и валкање, а што е најбитно – вашето дете е секогаш на чисто и меко. Во левиот горен агол од кебенцето има капче, а од страните копчиња па– лесно се претвора во ќебенце со капче. Не мора да носите со себе дополнителни ќебенца, во случај на промена на  времето за да го покриете детето.  Странично ќебенцето се регулира со врвки за убаво да се припие на предметот кој го користите, а врвките можете да ги врзете одназад.

Од едната страна има подебела врвка која ако мајката си ја закопча околу вратот ќебенцето ќе се претвори во марама за доење. Делот како капче сега може да го користите како џепче за ставање на цуцла, влошки за доење и други работи кои ви се потребни при доење. Бидејќи е од памучна текстура воздухот циркулира и не создава дополнителна топлина за детето додека го доите.  Вам и на вашето дете ви овозможува приватност за време на доењето.

Новороденчето може да го повиете во ќебенцето како во вреќа за спиење –капчето на главчето и цврстиот повој на ќебенцето околу него, ќе му даде во првиот месец по раѓањето чувство дека е се уште во матката, ќе се чувствува заштитено, а сето тоа ќе придонесе за поцврст и подолг сон. После првиот месец може од ќебенцето да направите полабава вреќа за спиење, со закопчување на страничните копчиња.

Дома можете да го користите и како подлога за играње и развивање на мотористичките способности на детето, а во природа како пикник ќебенце.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]