Дали децата треба да се казнуваат?

Ние сме одговорни за сопственото дете и треба да бидеме свесни дека во животот НАШЕТО ДЕТЕ уште многу пати ќе слушне НЕ.

0
1825

Во современиот свет се провлекува дилемата дали воопшто децата треба да се казнуваат. За да се разјасни оваа дилема потребно е да ја знаеме основната цел на еден родител, а тоа е – подготовка на нашите децата за самостоен и среќен живот. Меѓутоа, современите родтели имаат тенденција да бидат „добри“ родители кои ќе им овозможат на своите деца среќно и квалитетно детство, внимавајќи да не предизвикаат непријатни чувства кај децата т.е. да не ги расплачат или налутат, овозможувајќи им се без ограничувања, заборавјќи ја при тоа основната родителска цел. Покрај тоа што вака се создаваат размазени деца, деца кои нема бидат доволно подготвени за самостоен живот и сигурни во себе да се соочат со сите предизвици понатаму.

Како добри родители сакаме да го научиме своето дете во животот да постапува одговорно и сигурно, но до тоа ќе го доведеме ако повеќе пати му кажеме НЕ, а што е најважно во тоа да истраеме. Ние сме одговорни за сопственото дете и треба да бидеме свесни дека во животот НАШЕТО ДЕТЕ уште многу пати ќе слушне НЕ. Во светот важат одредени правила, како во односот со партнерити и пријателите, така и во односите со колегите, претпоставените и воопшто во сите меѓучовечки односи.

Доколку на детето во домот му е се дозволено, му се создава поргешна и нереална слика за тоа дека во светот се е достапно без ограничување, дека целите лесно се достигнуваат, без многу труд и сопствено ангажирање, а како резултат на тоа, тоа дете нема да биде оспособено за реалниот надворешен свет. Ако сакаме да го научиме своето дете да живее со правила и ограничувања, мораме да знаеме како да ги поставуваме тие правила. Тој процес воопшто не е едноставен и често е поврзан со казнување. Често пати децата не не слушаат, па нашите барања се претвораат во викање, молење во недоглед, кога детето станува глуво на нашето барање и нема никаков ефект. Во такви ситуации се потребни казните.

 

М-р Катерина Наумовска-Ристовска,
психолог, тренер по емоционална писменост, обучувач во работилници за родители, Центар за едукација Гравитрон-Скопје
ФБ: Гравитрон Скопје

[better-ads type='banner' banner='999' ]