Дали децата треба да се вакцинираат?

Некогаш вакцинирањето на децата беше рутинска активност, а денеска е проследено со безброј прашања и недоумици: Дали е вакцинацијата безбедна? Кои се можните последици? Дали воопшто да ги вакцинираме своите деца?

0
1010

Да се вакцинираат децата или не, тоа е едно од најтешките прашања што родителите си ги поставуваат, кај и да живеат. Се отвораат дискусии на големо, а сите родители станаа експерти за медицина.
Кога станува збор за вакцинацијата, најголемиот сомнеж е усмерен кон МРП вакцината, вакцината против морбиоли, рубеола и паротитис која му се дава на детето околу првата година од животот, а за која се појави страв дека влијае врз појавата на аутизам. Оваа приказна започна од Велика Британија, кога пред една деценија еден лекар ја истражуваше и ја утврди врската помеѓу спорната вакцина и аутизмот. Тој, како што се наведува, вршел истражување над дванаесет деца што предизвика силни реакции во научниот и генерално, во општествениот живот. Потоа се направени бројни пообемни студии кои воопшто не ги потврдиле претходните тврдења кои потоа се целосно повлечени, но предоцна.
Според експертите, секој лек и секоја вакцина имаат свои добри страни, но имаат и несакани ефекти, а полемиката, дали вакцините (особено МПР вакцината) навистина предизвикуваат аутизам или тоа не е случај се води од 1998 година.
Неодамна Романија се соочи со епидемија на морбили од која починаа 17 деца, а неколку илјади луѓе заболеа. Поради епидемијата, Романија донесе одлука да ја намали старосната граница за примање на вакцината против морбили од 12 на девет месеци и препорача вакцинирање на сите деца помлади од девет години.
И кај нас вакцинирањето е топ тема на форумите, а поради недоверба во квалитетот на вакцините дел од родителите почнаа да ги вакцинираат децата со современи поливалентни вакцини, и тоа најчесто во Солун, Белград и во Врање. Во 15 земји на ЕУ вакцинацијата не е задолжителна.
Како и да е, родителите се потешко носат одлука, но и се помалку ги вакцинираат своите деца.
За да биде една популација заштитена од заразни болести, пропишана е бројка од 95 отсто вакцинирани луѓе.

Неодамна, австралискиот премиер Малколм Трнбул предложи национален закон со кој ќе им се забрани на невакцинираните деца да одат во градинка или забавиште.

Стапката на детска вакцинација во Австралија изнесува 93%, но со овој чекор владата сака да ја зголеми на 95%. Таа цел се базира на теоријата за „имунитет на стадото“, според која 95-процентната вакцинација и имунизација на населението е минимумот потребен за заштита на не-имуните членови на таа популација – како што се бебињата.

„Противење и недоверба (vaccination objection) не се валидни причини за невакцинирање. Мораме да ги увериме родителите дека нивните деца ќе бидат безбедни кога ќе отидат во градинка или забавиште“, напиша Трнбул во писмо до австралиските државни и територијални лидери.

Во Австралија веќе повеќе од една година е на сила таканаречената „No Jab, No Pay“ („Нема боцкање, нема плаќање“) кампања, со која им се одбива правото на субвенции (од 15.000 австр. долари) на семејствата што не ги вакцинираат своите деца.  „No Jab, No Play“ дефинитивно ќе ја зголеми стапката на имунизација, но праксата на банирање на невакцинираните деца од градинките носи и негативни последици, и предвидливи, ама и непредвидливи.

На долгорочен план, за да се осигура доверба и прифатеност на вакцинациските програми, најдобро е тоа да се постави на солидни основи. Ниедна вакцина не е 100% безбедна и 100% ефективна, а и сериозните споредни ефекти од вакцините се реалност, па најдобриот пристап е трпение и едукација на населението, наместо стигматизација и избегнување на дебата со „анти-ваксерите“ и секако, безбедни вакцини.

Дали вие ги вакцинирате своите деца?

[better-ads type='banner' banner='999' ]