Дали е ова нормално за дете над 5 години?

Некои деца дури и откако ќе пораснат, односно, и после петтата година не можат да заспијат се додека до нив не легне мајката. Еве што велат за ова психолозите.

0
719

На прашањето дали е нормално, детето на возраст над 5 години, се уште да не може да заспие ако до него не легне мајката, Ирвин Редленер, клинички професор по педијатрија на универзитетот Колумбија и претседател на Фондот за здравствено осигурување на децата вели: Се зависи од тоа зошто на вашето дете сте му потребни таму. Во некои случаи, таа зависност може да биде знак за некој друг скриен проблем, но ако и вие двајцата уживате во оваа рутина или ако мислите дека на детето му треба таа екстра утеха од вас, тогаш е тоа совршено добро. Можеби на детето едноставно му треба. Можеби на детето му треба специјално време со вас, можеби живеете бурно, па ова е некој начин за повторно да се поврзете или можеби има помало братче или сестриче, па сфаќа дека на овој начин ќе добие екстра време со вас за себе. Можно е дека има потреба од дополнителна сигурност поради некоја тешка околност, како што е на пример, проблем со некој наставник или некоја тешка ситуација со пријателите. Во тој случај, нема потреба од загриженост. Толку долго колку што имате време, легнете со вашето дете кога ќе дојде времето за спиење затоа што ова, според Редленер е и одлична можност за родителот и детето да поминат заедно некое време.
Иако ќе ви велат дека на тој начин му создавате на детето лкоша навика, не обрнувајте внимание. „Детето нема да има потреба да легне со вас кога ќе се запише во средно“, вели Редленер.
Некои од другите можни причини поради кои детето има потреба да го придружувате додека да заспие, може да се проблематични. На пример, можеби вашето дете е несигурно во однос на вашата меѓусебна релација. Можеби се обидува да се увери дека има контрола врз вас или пак се плаши дека ако не ве задржи до себе, ќе биде напуштено. Можеби дури и чувствува потреба да ве затвори за да ве заштити. Во овие случаи она што почнува како смирувачки рутина може брзо да се развие во ноќна борба за превласт. Доколку се сомневате дека може да станува збор за една од овие причини, преземете нешто, и обратете се кај психолог.
Доколку решите да престанете да го правите тоа од причина што едноставно немате време, направете го тоа постепено намалувајќи го времето што ќе го поминете легнувајќи до детето и договорете се да полежите 20 минути, па потоа 15 итн. Но не мора комплетно а се одвикнете од ова бидејќи еден ден ќе ви недостасуваат овие специјални моменти.

loading...