Денешните деца се во разорна емоционална состојба

Според поразителните статистики, инаку, најлоши во последните 15 години, едно од 5 деца е со ментални проблеми, тинејџерските депресии се зголемени за 37 отсто, а за 200 отсто е зголемена стапката на самоубиства меѓу децата над 10 години

0
298

Според стручњаците, пред нашите очи се случува тивка трагедија која се однесува на нашето најголемо богатство, децата. Според поразителните статиски, инаку, најлоши во последните 15 години, нашите деца се во разорна емоционална состојба. Имено, едно од пет деца има ментални проблеми, пореметувањето на вниманието, односно, хиперактивноста е зголемена за 37 отсто, за исто толку се зголемени и тинејџерските депресии, а дури за 200 отсто е зголемена стапката на самоубиства меѓу децата од 10 и повеќе години.

Научно е докажано дека мозокот има можност да се прилагодува на околината. За жал, во таа околина спаѓа и родителството кое им го даваме на нашите деца и на тој начин го усмеруваме нивниот мозок во погрешен правец.

Да, постојат и секогаш имало деца кои се родени со инвалидитет и покрај сите напори на нивните родители да им обезбедат добро избалансирано опкружување и родителство, овие деца се борат и многу страдаат. Но тука не станува збор за тие деца.

Тука станува збор за многу други родители кои штом почнат да го менуваат своето поимање на родителството, почнуваат да се менуваат и нивните деца.

Што всушност не е во ред?
Денешните деца се лишени од основите на здравото детство, како што се:

– Емотивно достапни родители

– Јасно дефинирани граници и смерници

– Одговорности

– Уравнотежена исхрана и адекватен сон

– Вежби и игри на отворено

– Креативни игри и социјални интеракции

– Можности за неструктурирано време и досада

Наместо тоа, децата добиваат:

– Дигитално попречени родители, кои постојано гледаат во телефон

– Попустливи родители чии деца се „владетели на светот“

– Чувство за права, но не за одговорност

– Неадекватен сон и неуравнотежена исхрана

– Постојано седење, недвижење и живот во затворено

– Бескрајна стимулација на „технолошката бебиситерка“

– Моментален успех и отсуство на било каква досада

Може ли некој да замисли дека е можно да се подигне здрава генерација во такво нездраво окружување? Секако дека не! Нашите деца го плаќаат губитокот на добро избалансирано детство со својата емотивна благосостојба.

Како тоа да се поправи?

Ако сакаме нашите деца да израснат во среќни и здрави личности, мора да се разбудиме и да им се вратиме на основите.

Поставете граници и запамтете дека на вашето дете сте му родител, а не пријател. Понудете им на децата добро избалансиран начин на живот исполнет со она што на децата им треба, а не само со она што го сакаат. Не се плашете да им кажете „Не!“ на своите деца за она што тие го сакаат, а не им е потребно.

– Обезбедете им на децата квалитетна храна и ограничете им ги грицките

– Поминете барем еден час дневно во зелен простор: велосипедизам, планинарење, рибарење, гледајќи птици/инсекти

– Нека имаат семејна вечера без употреба на телефон

– Одиграјте една друштвена игра дневно (направите листа на семејни игри)

– Вашето дете нека биде задолжено за една домашна обврска секојдневно (собирање на играчките, средување на облеката, распакување на намирниците, поставување на масата, итн.)

– Одредете време за спиење, за да бидете сигурни дека вашето дете добива доволно сон. Не ја користете технологијата за заспивање.

– Учите ги на одговорности и независност.

– Не ги штитете премногу од мали пропусти. Со тоа им ги тренирате вештините потребни да надминат поголеми животни предизвици.

Не му го пакувајте ранецот на вашето дете, нека си го носи самиот, не му ја носете во училиште заборавената ужинка и блокови, не му лупете банана на петгодишно дете. Научете ги на вештини, не ги правете работите наместо нив.

Научите ги да бидат трпеливи, да умеат да почекаат и нека им биде здодевно. Тоа ќе им ја разбуди креативноста.

Не се чувствувајте одговорни да му бидете забавувач на вашето дете.

Не ја користете технологијата како лек за досада.

Избегнувајте користење на технологијата за време на оброците, во автомобил, во рестораните, трговските центри. Користите ги овие моменти како можност да го тренира својот мозок во состојба на досада.

Помогнете им да создадат „комплет од прва помош против досада“.

Бидете емоционално достапни за поврзување со децата и научете ги на саморегулација и на социјални вештини:

Исклучете ги телефоните додека се децата во кревет.

Станете емотивен тренер на вашето дете. Учете ги да ги препознаат и да се соочат со фрустрациите и со бесот.

Научите ги да честитаат, да го враќаат позајменото, да делат, да сочувствуваат, да разговараат…

Поврзете се емотивно – намсевка, прегратка, бакнеж, читање, танцување, скокање, или ползење со своето дете.

Мора да направиме промени во животите на нашите деца пред цела оваа генерација деца да станат медицински проблем! Се уште не е доцна…

Текстот е преземен од тука.

loading...