Дете од Лесковац прозборело на англиски

Двегодишниот Димитрие и тригодишната Маја од Лесковац своите први зборови ги проговориле на англиски. Тие не се изолирани, туку сѐ почести случаи. За жал, родителите тоа често не го забележуваат или не сакаат да го прифатат. Тоа што тие го забележуваат е дека нивното дете зборува странски јазик и се гордеат со тоа.

0
1458

Двегодишниот Димитрие и тригодишната Маја од Лесковац своите први зборови ги проговориле на чист англиски јазик, а дури неколку месеци подоцна од нивните усти се слушнале зборовите „мама“ и „тато“. Шест месеци подоцна загрижените родители побарале помош од стручњак заради неможноста да комуницираат со децата на мајчин јазик.

– Освен мама, тато, дај и не сакам, не знаеше ништо друго на српски јазик, но затоа на англиски почна да склопува и реченици – раскажува за „Блиц“ мајката на малата Маја. Како што вели, по неколку месеци агонија, нервирање и стрес, сега е малку поопуштена затоа што нејзиното дете под надзор на стручњак го збогатува фондот на зборови на српски јазик.

Слична била ситуацијата и со Димитрие, кој ги пермутирал слоговите во изговорот на наједноставните зборови. И двете деца не се одвојувале од игрите на англиски јазик на мобилните телефони и од цртаните на бејби каналите кои емитуваат цртани филмови на англиски јазик.

– Не се одвојуваше од бејби каналите кои емитуваат цртани филмови на англиски јазик. Колку и да сметавме на почетокот дека ни е детето напредно и интелигентно па научило странски јазик толку рано, сфативме дека се соочуваме со голем проблем затоа што одбиваше да комуницира со своите врсници на српски, бабите и дедовците кои го чуваа, не го разбираа ниту збор, а нив сме во чудо и во страв дека ќе има сериозни проблеми во комуникацијата ако не го спречиме тоа на време – раскажува дваесет и шестгодишната мајка на ова дете од Лесковац.

Стручњаци: Тоа е аларм за родителите!

Стручњаците велат дека првиот детски збор изговорен на странски јазик претставува сигнал за промена на навиките на децата, а во сериозни ситуации, тврдат, неопходно е да се побара медицинска помош бидејќи таквите појави се и симптом на посериозни развојни пореметувања.

– Во такви случаи се советува итно укинување на бејби каналот и вклучувањ ена детето во врснички групи, детето да с еиспрати во градинка заради развивање на комуникацијата и јазикот, а што се однесува до самите родители, неопходно е да се воспостави што почеста и поприродна комуникација со детето во тој развоен период – oбјаснува психолог од Развојното советувалиште во Детскиот диспанзер во Лесковац, кадешто с еобратила за помош една од двете мајки, соговорнички на „Блиц“.

Како што вели, овие две деца не се изолирани, туку чести случаи, а според истиот психолог, проблемот во комуникација на мајчин јазик може да укажува и на проблем од аутистичниот спектар.

[better-ads type='banner' banner='999' ]