Девојка влегла во менопауза на 24 години

Несигурно, како жена која ја губи женственоста, во страв од реакцијата на средината...така се чувствува Гема-Луис Клинтон.

0
399

Нејзиниот живот се свртел наопаку кога сфатила дека никогаш повеќе нема да може да биде бремена и дека нема да може да има повеќе од едно дете. Таа влегла во менопауза во својата 24. година.
Имено, Гема преживеала рак на грличот на матката и прерано влегла во менопауза. Мислела дека ќе умре, дека нејзиниот двегодишен син ќе остане без мајка, но сепак ја победила болеста. Од терапијата останала неплодна.
„Тоа е нешто со што живеам и заради што ми е тешко. Го изгубив циклусот и многу ми е жал поради тоа. Некогаш кога моите пријателки ќе ја споменат својата менструација, ме обзема чувство дека повеќе не можам да се придружам кон таквите разговори. Не бев подготвена да бидам во менопауза со 24 години. Страшно потење, валунзи, промени на расположението и анксиозност се дел од моето секојдневје“, раскажува оваа самохрана мајка од Велика Британија.
Гема вели дека раскинувала и со момчето барем десет пати заради постојани промени на расположението.
„Сега имам 27 години и не се чувствувам како жена затоа што моето тело не функционира како некогаш. Вагината ми е сува поради сите тие промени, па и самата помисла на секс ми е понекогаш застрашувачка. Млада сум, а уште сега кога излегувам со некое момче размислувам како тоа нема поента со оглед на тоа што не можам да му родам дете. Не е чесно да почнеш сериозна врска со неко кој еден ден ќе сака семејство. Мојата ситуација е грозна, но среќна сум што преживеав“, вели таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]