Џиновска града во Лондон, за промоција на доењето

Рекламна компанија поставила џиновска града на покривот на зграда во центарот на Лондон за да го промовира доењето

0
160

Ден пред Денот на мајките кој во Англија се прославува на 26 март, една рекламна компанија поставила голема гумена града во исклучително жива верзија, со ареола и брадавица, на покривот од зграда во центарот на Лондон за да го промовира доењето.

Рекламната компанија, Mother London напишала на својот блог пост за проектот:

„Тешко е да се поверува дека во 2017.година во Обединетото Кралство мајките се уште се чувствуваат набљудувани и осудувани доколку ги дојат своите деца во јавност. Ова беше нашиот проект за Денот на мајките. Прослава на правото на жената да одлучи како и каде ќе го нахрани своето дете без чувство на вина и на срам поради својот избор. #FreeTheFeed.“

[better-ads type='banner' banner='999' ]