Дваесет работи кои ќе ги разберат децата на строгите родители

Некогаш ни изгледало дека родителите премногу ни забрануваат, одземајќи ни ги радостите на безгрижното детство. Но, сега разбираме дека некои од забраните ни биле од корист, и нам, сега веќе возрасни понекогаш ни е мило поради нив и со насмевка се сеќаваме на тие времиња.

0
1424

 

 

Некогаш ни изгледало дека родителите премногу ни забрануваат, одземајќи ни ги радостите на безгрижното детство. Но, сега разбираме дека некои од забраните ни биле од корист, и нам, сега веќе возрасни понекогаш ни е мило поради нив и со насмевка се сеќаваме на тие времиња.

Овој текст ќе ве потсети на тоа како е да се биде дете на строги родители:

1. Во друштвото секогаш сте биле први кои морале да заминат дома, додека останатите продолжувале да се забавуваат.

2. За да преспиете во домот на пријателите, секогаш сте морале да ја оставате адресата, телефонот и други контактни информаци за тоа семејство, сте подготвувале детален извештај за нивното потекло, а исто така сте морале да ветите дека нема да пиете и дека ќе бидете во кревет до десет часот навечер.

3. Секогаш кога вашите пријатели правеле план, каде би можеле да заминат на некоја вечерна забава, сте знаеле дека родителите ќе ви кажат „не“. Затоа со слични прашање сте морале да се обраќате два до три дена порано, за да биде разгледано вашето барање.

4. Пред да им се обратите на родителите со која било молба, сте вежбале пред огледало и тоа не само вашите зборови, туку и можните одговори на прашањата.

5. Пред да прашате што било, во требало да се уверите дека родителите ви се во добро расположение.

6. Тешко воздувнувајќи и со очи полни со тага, понекогаш сте говореле: „Не е важно…Сеедно нема да ми дозволат“.

7. Само еден единствен пат сте се обиделе да заминете на нечија забава. И советот на пријателите „прашај уште еднаш“ апсолутно не дејствувал.

9. Секогаш сте морале да избирате меѓу излегувањето во петок или излегувањето во сабота, бидејќи вашите родителите немале да ве пуштат и двата дена.

9. Најголема паника ве фаќала кога вашите пријатели по сто пати ги менувале плановите, така што сте морале повторно да им објаснувате на родителите каде ќе одите и што ќе правите таму.

10. Сте лажеле, бидејќи тоа било единствениот начин за да побегнете од дома. И да…се уште од време на време ги лажете.

11. Не сте кажувале пцовки се додека не сте завршиле средно училиште или факултет.

12. Вие никогаш не сте разговарале за сексот со своите родители.

13. За време на вечерата најчесто сте разговарале за тоа како ви е на училиште, но никогаш не сте разговарале за своите пријатели или за вљубувањето.

14. Вие и денес не можете да се облечете, а да не помислите што ќе кажат вашите родители за вашата облека.

15. Да ги дупнете ушите – тоа е максималната промена која сте смееле да ја направите.

16. Кога сте гледале телевизија заедно со родителите, секогаш се менувала програмата и на најмалата можност за бакнеж.

17. Вашите родители секогаш се обидувале да се запишат во придружниците на училишните патувања или екскурзиите.

18. „Јави се кога ќе стасаш“, „Ти така и на гости правиш?“, „Тргни ги лактите од масата“, „Немој да ме срамиш“…се некои од фразите, кои сте ги слушнале илјадници пати.

19. Со години сте сонувале за тоа како ќе живеете по сопствен план.

20. Но, и покрај се, родителите секогаш остануваат за нас најдобри на светот.

Фото: Shutterstock/zena.blic.rs

loading...