Спа центар за бебиња

Во спа центарот за бебиња во австралискиот град Перт бебињата на возраст од два дена до шест месеци уживаат во масажа и хидротерапија.

0
349

Сестрите Кавита Кумар и Анита Јап во австралискиот град Перт отвориле спа центар за бебиња во кои новороденчињата (на возраст од два дена до шест месеци) и нивните родители можат да уживаат во единственото доживување кое вклучува масажа на бебињата и хидротерапија.

Тие истакнуваат дека е хидротерапијата многу корисна за бебињата затоа што им помага со рамнотежата, координацијата, силата и сонот.

„Хидротерапијата многу им помага на бебињата – од подобрување на квалитетот на сонот, намалување на непријатностите од грчевите, гасови, запек и повраќање, а редовното спроведување на терапијата е корисно и за кардиоваскуларниот и респираторниот систем“, вели Кавита.
Во текот на вежбите бебињата носат посебно дизајниран уред кој го нарекле „bubby“ а ги одржува на водата. Хидротерапијата трае од 10 до 30 минути, а според официјалната страница на Бејби Спа центарот може да дојдат и родителите и семејството и да ги гледаат бебињата како пловат по водата.
Овој спа центар е отворен пред неполна година и е дел од франшизата која почнала во Јужна Африка. Покрај хидротерапија, Бејби Спа нуди и детски масажи.

Анита нагласува дека најважен дел е тоа што хидротерапијата и третманите со масажи овозможуваат подобро разбирање на потребите и знаците што им ги испраќаат нивните деца. Некои студии покажуваат дека неонаталното пливање може да го забрза растот на бебињата во раната фаза, но постојат и доктори кои предупредуваат дека пловечките вежби не се корисни за секое дете.

„Хидротерапијата е корисна единствено за деца со потешкотии во развојот. Истражувањата не покажуваат дали е корисна за децата кои се развиваат нормално такашто тоа не можам да го препорачам“, рекол доктор Шахроуз Ганјиан од Калифорнија.

loading...