Голем хуманитарен концерт за помош на лицата со интелектуална попреченост

Македонските бендови „Ареа“, „ПМГ колектив“, „Фанк шуи“, „Кара“ и „Линколн летер“ утре (12 април) во 19 часот ќе настапат на хуманитарниот концерт Teenage Riot кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. Парите собрани од продажбата на влезници ќе бидат наменети за Центарот на поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

0
91

Хуманитарниот концерт Teenage Riot кој ќе се одржи утре, во Младинскиот културен центар во Скопје е дел од националната програма која се имплементира во сите општински организации на Црвениот крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 десиминатори кои работат со младинците.

Како дел од неа, младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество.

Воедно добиваат и практични знаењa како да изработуваат мали проекти за доброто на заедницата во која што живеат, проекти преку кои помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека за некои помошта е долгорочна.

Имплементацијата на програмата „Црвен крст во aкција – промоција на хумани вредности“  (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвена полумесечина. Се прави во соработка со учениците од „Нова“ кои веќе реализираа повеќе проекти за помош на заедницата со цел да се помогне на одредени социјално загрозени или маргинализирани групи во општеството.

Насловот на настанот произлегува од песна на култниот американски бенд „Соник јут“, а бендовите кои ќе настапат се едни од најактивните на домашната сцена. Ќе свири рок составот „Ареа“ кој работи повеќе од две децении и е познат по хитовите како „Сите мои слики“, „Нешто недостасува“, „Одведи ме“ итн. „ПМГ колектив“ е еден од најактивните домашни бендови, а покрај познатите песни ќе презентира и свежи композиции. Дел од хуманитарниот концерт ќе биде и мелодичниот инди – состав „Милко“ кој функционира од 2006 година и досега има издадено два албуми.

Скопскиот бенд „Фанк шуи“ на утрешниот концерт ќе настапи заедно со неколку штитеници од Центарот на поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На настанот ќе свират и групите „Кара“ и „Линколн летер“ со што ќе се заокружи повеќечасовниот хуманитарен музички настан.

[better-ads type='banner' banner='999' ]