Голема Априлијада во трговскиот центар „Палма мол“

0
624

Голема Априлијада во најголемиот трговски центар во западна Македонија „Палма мол“, ќе се одржи на први април, Денот на шегата, после 16 часот.

На манифестацијата ќе учествуваат најпознатите цртани ликови, ѕвездичките од фестивалите Јаболчиња и Блетезат, балерините од Менада, како и дечињата од детската градинка „Реа“.

– Со Вашите уникатни маски, ве очекуваме на 1. Април после 16 часот да поминеме супер безгрижни и незаборавни моменти.
За сите најкреативни маски многу изненадувања и подароци! Да го прославиме заедно највеселиот ден во годината – повикуваат организаторите.

loading...