Градинка без играчки?

Иако ваква пракса на некого можеби ќе му изгледа строга, тие велат дека зад неа стои вана педагошка цел: Да се развијат животни вештини кои ќе им помогнат да се изборат со било какви нависки на зависност кои можат да ги имаат во иднина.

0
261

The Atlantic ја пренесува приказната на една мајка со мариканско потекло за искуството кое го имале нејзиниоте деца во една берлинска градинка, кадешто уште во 90.години на минатиот век се пртактикувала тримесечна сезона без играчки.
Децата и родителите однапред се информираат за почетокот на сезоната без играчки. После тоа, децата заедно со воспиталките, ги средуваат играчките (сите без исклучок, дури и друштвените игри), а воспитачките времето поминато со нив го ограничуваат само на набљудување, без да им сугериураат на децата што треба да си играат.
Иако ваква пракса на некого можеби ќе му изгледа строга, тие велат дека зад неа стои вана педагошка цел: Да се развијат животни вештини кои ќе им помогнат да се изборат со било какви нависки на зависност кои можат да ги имаат во иднина.

Кога немаат играчки децата се во состојба да развијат сопствени идеи и да осмислат свои игри. Повеќе време минуваат заедно, а воедно и работат на јакнење на разбирањето на сопственото однесување, како и на развивање на емпатија, креативност и критичко размислување, се наведува во изјавата на Елизабет Заиферт, директорка на невладината организација Aktion Jugendshutz, која го промовира овој проект.

[better-ads type='banner' banner='999' ]