Грицкање на нокти

Сте забележале ли дека нема потреба да му ги сечете ноктите на вашето дете во последно време?

0
200

Грицкањето на ноктите е лоша навика кај многу деца на возраст меѓу 7 и 14 години (некои пофлексибилни дури и успеваат да си ги гризат ноктите на нозете…бљак?!)
Покрај тоа што е грозна навика, преку грицкањето нокти детето внесува во организмот секакви бактерии. Кога се справувате со вакво однесување, треба да се најде причината зошто детето го прави тоа.
Главна причина за ова е нервозата, a процесот на растење може да биде стресен процес иако вашето дете можеби нема да зборува за тоа.
За да ја прекинете оваа навика, немојте да му викате. Многу деца го прават тоа несвесно. Поефикасно е ако му поставите лимити. На пример, нема грицкање нокти на маса. Развијте таен сигнал, како на пример, потчукнување по маса кога ќе го видите детето како грицка нокти. Ова би можело да му помогне да обрне внимание на својата лоша навика. Некои девојчиња се одвикнуваат откако ќе им се дозволи да ги лакираат ноктите, некои пак продолжуваат и покрај тоа, што предизвикува внесување на штетни хемикалии од лакот во организмот.

 

loading...