Како бебето да биде безбедно со домашното милениче?

Доколку имате домашно милениче, а од неодамна и нов член на семејството, еве неколку совети како тие да се спријателат

0
279

Имате куче кое го чувате со години и е важен дел од вашето семејство, а неодамна го проширивте семејството и со бебенце. Веројатно се грижите како да ги научите да функционираат заедно, да не се повредат меѓусебе и да се спријателат.

Како да го запознаете бебето со миленикот?

Кога миленикот и бебето ќе се видат првпат тоа не мора да биде задолжително љубов на прво „мирисање“. Да кажеме дека имате две кучиња. Го доведовте бебето од болница и ја очекувате нивната реакција. Едното куче е заштитнички расположено, додека другото е малку поинаку расположен. Од кучешка перспектива, во куќата стигнала нова ѕвезда која му го украла приматот. Дури и најнежното животно најверојатно ќе реагира ако не го добие вообичаеното внимание. Запознавањето на бебето и на миленикот ќе го одреди нивниот иден однос. Како да  го организирате запознавањето? Можете на пример пред да го донесете бебето дома за првпат, да го донесете прво неговото ќебенце од болница и да му го однесете на кучето да го мирисне за да се навикне на бебешкиот мирис. Бебето нека го внесе таткото, за да не се случи кучето да скокне врз мајката кога ќе ја здогледа. Додека мачките од почеток може да бидат рамнодушни, кучињата сигурно ќе сака да испита што се случува. Наведнете се до миленичето за да му го покажете бебето и дозволете му кратко да го помириса како прв поздрав. Не кревајте паника и не го тргајте бебето ако е миленичето мирно. Ако го направите тоа, му испраќате порака дека бебето е закана за него.

Научете ги основите на безбедност

Без оглед на тоа колку лесно поминало запознавањето, морате да се придржувате до некои правила на безбедност. Никогаш не го оставајте бебето само со миленикот. И најнежното животно може да реагира непредвидливо. Ако бебебто заплаче, може да ја вознемири мачката или кучето може да почне да ја брани територијата. Размислете за тоа да му го ограничите приодот на миленикот до креветчето. Истренирајте го миленикот да споие во заграден простор.

Нека си „играат“ заедно

Подарете му на вашето милениче внимание колку што можете. Ако се чувствува исклучено, можено е да реагира. Не правете грешка да си играте со миленикот откако ќе го заспиете бебето. Нека си играат заедно. Дајте му на кучето некоја посластица додека го ничкате бебето во скутот или земете го со себе кога ќе тргнете на прошетка. Никогаш не го врзувајте за количката затоа што може да ја преврти кога ќе тргне.

Помогнете им да се поврзат

На почеток вашето бебе нема да го забележува миленикот. Но некаде околу четвртиот месец, бебето ќе почне да открива едно пријателско суштество. Миленикот поттикнува и нови чувства кои му помагаат на развојот на бебето, тврдат стручњаците. Заемете го рачето на бебето и заедно погалете го  миленичето. Помеѓу петиот и шестиот месец видот на бебето е доволно добар за да го воочи секое движење што го прави мачката. Кога му фрлате топче на кучето се развива координацијата на видот кај бебето. Ако бебето го види миленичето на другиот крај од собата тоа можеби ќе го мотивира да почне да ползи.

Што треба да се прави кога бебето ќе почне да ползи?

За миленикот бебето што ползи е страшна појава. Ако забележите кај него знаци на агресија како што се р’жење, завивање, свиткување или спуштени уши, не го казнувајте. Веројатно животното е исплашено. Раздвојте ги а ако ваквото однесување продолжи, позборувајте со ветеринар. Во секој случај, во овој период не е безбедно да го оставите бебето насамо дури ни ако е вашето куче најкроткото и најмилото куче. Еден ненамерен удар или притисок на шепата може да го предизвика кучето да касне. Детето и кучето може да се натпреваруваат околу храната па затоа не го хранете вашето дете во близина на миленичето и не му дозволувајте на детето да трчка околу чинијата додека кучето јаде.

Многу е важно и чинијата за храна како и кутијата со песок да ги поставиуте на место што е недостапно за бебето. На овој начин ќе го заштитите бебето. А вашиот миленик ќе има свокј простор кадешто ќе може да се повлече ако почувствува потреба за тоа. За да го подготвите миленикот на тоа дека наскоро во играта ќе ви се придружи и бебебто, пробајте некогаш  нешто да го повлечете за опашката, за крзното или за уши (направете од тоа игра и наградете го со храна за да не се трауматизира). Не заборавајте да ги засолните играчките од миленикот – преполни се со бактерии, а и животното ќе почувствува потреба да ги чува од бебето.

Научете го вашето дете да биде нежно со кучето

Покажете му на вашето дете како да го гали нежно, но конечно, морате да го познавате и вашето куче. Миленикот кој е доминантен и без страв е помалку толерантен на однесување кое може да му се чини инвазивно. Во тој случај можеби треба да му ставите на кучето заштитна маска и детето да биде во просторија која не му е достапна на кучето во оние моменти кога вие не сте присутни.

Како да се заштитите од инфекции?

Иако ретко се случува, милениците можат да пренесат болест како што е беснило, мачешка грозница, други грозници и кожни болести. За да се обезбедите направете го следното:

Носете го миленикот редовно на ветеринар

Проверувајте да не има крлежи или можеби некои други симптоми на болести

Убаво измијте му ги рацете на детето откако ќе допре кое било животно
Не му давајте на миленикот да го лиже лицето на бебето, рацете и стапалата барем првите неколку месеци затоа што никогаш не знаете што имал претходно во устата.
Никако не заборавајте да ги измиете рацете пред да ја земете пумпичката или пред да почнете да му приготвувате јадење на детето.

Редовно кратете му ги ноктоте на миленикот за да избегнете гребнатинки кои можат да се инфицираат

Бањајте ги милениците надвор за да го избегнете ширењето на бактерии таму кадешто приготвувате храна или кадфешто го бањате бебето.

Кои животни треба да ги избегнувате?

Некои миленици треба во потполност да се избегнуваат особено ако имате деца помлади од пет години затоа што можат да бидат носители на салмонела и други опасни бактерии. Такви се:

Гуштерите, пилињата, желките, змиите, жабите, и пајчињата

[better-ads type='banner' banner='999' ]