Како би требало да изгледа детската чинија?

Заради епидемијата на дебелина во Америка досегашната прва дама Мишел Обама ја почна кампањатра Let’s Move, која имаше цел да ги информира родителите за здравата исхрана на нивните деца.

0
500

Со оглед на епидемијата на дебелина во Америка (1 од 3 деца во Америка се дебели) досегашната прва дама Мишел Обама ја почна кампањатра Let’s Move, која имаше цел да ги информира родителите за здравата исхрана на нивните деца. Како резултат на работата на тимот на нутриционисти настана моделот My Plate (Мојата чинија), кој би требало да им послужи на родителите како илустрација што и колку треба да ставате во детската чинија.

Детската чинија би требало да изгледа вака:

половина би требало да биде полн со зеленчук

1/4 зеленчук со скроб (како на пример, компири)

¼ намирници богати со протеини (мешунки или протеини од животинско потекло)

Покрај оваа чинија би требало да се најде еден сад со овошје, чаша вода, чаша млеко (децата кои се на веганска исхрана би можеле да пијат растителни млека, како на пример од бадем, кои ќе им обезбедат калциум во исхраната).

Значи, комплетниот детски оброк би требало да содржи јагленохидрати (како извор на енергија), белковини (протеини) и здрави маснотии, а половина од чинијата би требало да е со зеленчук. Важна е и онаа порција со овошје како и чашата млеко (кравјо или растително).

Важно е во нивната исхрана да има здрави маснотии, како маслиновото масло, па секогаш кога можете гответе за децата на маслиново масло или додадете малку во нивната салата. Треба да јадат и јаткасти плодови, и други извори на омега-3 масни киселини, како мелено ленено семе и намази од сусам.

Во Индија мајките секодјневно потопчуваат во воида 5-6 бадеми кои стојат преку ноќта, а наутро ги лупат, ги толчат и им ги мешаат со млеко. Бадемите се извор на здрави маснотии, и на калциум кој е важен за развој на детските коски. Тие го јакнат и имунолошкиот систем на децата.

Мешунките можат да бидат одличен извор на протеини за децата, богати се со фолна киселина, цинк, влакна, магнезиум. Ако не сакаат варени мешунки, можете да им направите намази од варен грав или од наут кој ќе им го намачкате на лепче.

Водата е важна и за возрасните и за децата, па ако децата ја стеткнат оваа навика веројатно ќе ја зачуваат и во иднина. Покрај тоа на децата можат да им се даваат и свежо цедени сокови, најдобро е да си ги правите сами со соковник колку и да вие тешко потоа да го измиете. Кога им давате нешто благо, имајте на ум дека тоа треба да е во умерени количини. На децата им се потребни 1400 калории на ден, па ако вашето дете изеде два реда чоколадо, тоа веќе внесло 200 калории. Цело чоколадо од 100 грама ќе му даде на вашето дете 500 калории а тоа е нешто повече од една третинба од целокупната енергетска потреба на детето за еден ден.

Важно е од мали нозе да се изградат здрави навики кај децата. За разлика од возрасните, на децата е тешко да им се објасни дека некоја намирница е здрава за нив, а ако ги присилувате да јадат нешто што не сакаат, тоа само ќе предизвика контраефект. Затоа обидете се овие намирници да ги искомбинирате со некои кои вашето дете ги сака. На пример, ако детето сака овошен јогурт, додадете во него мелени семки, ливче спанаќ, и слично. Ако сака кечап, исецкајте му парченца зеленчук со кои ќе може да мака од кечапот.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]