Како да бидете сигурни дека оризовата кашичка нема опасна количина арсеник?

Бебињата се многу позагрозени од возрасните и доколку редовно им варите ориз би морале да бидете сигурни дека со тоа нема им наштетите на нивното здравје.

0
679

Пречекорувањето на дозволената количина арсеник во оризовата кашичка на еден познат производител доведе до повлекување на производот од пазарот. Родителите кои сами подготвуваат оризови кашички можеби оваа вест не ги вознемири премногу, но како можат да бидат сигурни дека оризот што сами им го подготвуваат на бебињата не содржи премногу арсеник?

Како што неодамна  пишуваа медиумите во врска со овој случај, со јадењето на ориз кој не е сварен како што треба во организмот се внесува арсеник. Ова соединение пак се поврзува со канцер, дијабетес, болести на срце и развојни проблеми.

Арсеникот природно се наоѓа во животната средина, но ориџот апсорбира поголеми количини од овој отров во однос на другите посеви и исто така го презема и од пестицидите и индустриските токсини. Секако, бебињата се многу позагрозени од возрасните и доколку редовно им варите ориз би морале да бидете сигурни дека со тоа нема им наштетите на нивното здравје. За среќа, постои начин за побезбедно варење на оризот. Имено, количината на арсеник во оризот може драстично да се намали со примена на различни методи на варење. Потребно е само оризот да се потопи преку ноќ а потоа да се измие и да се вари како и обично. Професорот Енди Мехарг од универзитетот Квинс во Белфаст тестирал три начини на приготвување на оваа житарка и го анализирал резултатот. Како најуспешен се покажал етодот во кој оризот се потопувал во пет пати поголема количина на вода во текот на ноќта, што за резултат имало намалување на количината на арсеник од дури 80 отсто.

loading...