Како да ги преживеете грчевите кај малите бебиња?

Грчевите познати и како доенечки колики се своевидно чудо на природата и наспроти бројните испитувања, до денеска не е сосема расветлена причината за нивната појава.  

0
1850

Нападите на плач кај новороденчињата предизвикани од грчеви, обично почнуваат две до три недели по раѓањето на бебето, најчесто во попладневните и вечерните часови, а конечно престануваат кога е бебето старо околу три месеци. Кога бебето плаче изгледа навистина неутешно, иако може привремено да се смири ако го носите, го лулате или го возите. Освен плачењето кое се јавува секојдневно во одреден период од денот, бебето напредува добро и не се забележува никаква трага од болест.

И наспроти бројните испитувања, до денеска не е сосема расветлена причината за појавата на колики. Во согласност со тоа, против коликите нема лек и не постои вистинска делотворна терапија. Испробани се многу препарати и постапки, но без докажан ефект. Секако, секој знае некого чие бебе е „излечено“ од грчеви на одреден начин. Исто така, јасно е дека речиси секоја постапка е добра и дејствува, но само на кратко. Ако го изземеме фактот дека грчеви имаат повеќе од 50% од бебињата, постојат три ситуации кои кај здравите доени деца кои добро напредуваат можат да бидат дополнителна причина за појава на болни грчеви:

  1. Давање на двете дојки во секој подој

Не е реткост на мајките да им се советува да го дојат бебето 20 минути на секоја дојка. И тоа, за жал, може да биде причина за проблем. Мајчиното млеко се менува во текот на подојот. Млекото станува се позаситно, а процентот на маст се зголемува колку што подолго бебето цица. Ако мајката ги менува дојките во текот на еден подој, пред да заврши бебето со едната страна, бебето добива премалку мрсно млеко. Ако бебето добие премалку калории, ќе има потреба од почесто доење. Ако исцица многу млеко (за да го надокнади недостатокот од калории), може да почне да бљуцка. Заради релативно малата количина маст во млекото, желудникот на бебетопобрзо се празни, поголемата количина шеќер (лактоза) наеднаш стасува во цревата. Протеинот кој го процесуира шеќерот понекогаш не може наеднаш да го поднесе во толкава количина, па се јавуваат симптоми на нетолеранција на лактоза – плач, гасови, нагли, водени и зелени столици. Тоа може да се случи и во текот на хранењето. Таквите деца не се нетолерантни на лактоза. Тие имаат проблем со лактозата затоа што нивните мајки добиле погрешни информации за доењето. Тоа не е причина з апреоѓање на вештачка храна без лактоза.

Што можете да направите?

  • Секогаш внимавајте бебето добро да ја опфати дојката со уста. Правилната положба е клуч за успешно доење!
  • Не го мерете траењето на доењето и не гледајте на саат.
  • Мајката треба да го храни бебето на едната дојка се додека бебето цица, односно, се додека бебето само не ја испушти брадавицата или не заспие на дојка. Ако детето цица премногу кратко, можете да се обидете да го поттикнете натамошното цицање со компресии на дојки. Водете сметка за тоа дека бебето може да биде на дојката два часа, а да цица само неколку минути. Ако бебето сака да јаде и откако ќе „заврши“ со едната дојка, дури тогаш понудете ја и другата.
  • Следното доење нека почне на другата дојка на ист начин.

Ако ви се чини дека вашето бебе има потреба од често доење, добро е во рамките на два до три часа да и ја понудите истата дојка. Така ќе бидете сигурни дека бебето ќе дојде до последното хранливо млеко.

  1. Пресилен рефлекс на отпуштање на млеко

Бебето кое премногу нагло добива преголема количина на млеко може да стане многу немирно на дојката. Неколку секунди или минути после почетокот на доењето бебето почнува да кашла, да се гуши или да се бори со дојката. Ако ја испушти дојката, млекото ќе ви тече во млазеви. Потоа бебето почнува повторно да цица, но е веќе раздразнето и нервозно па го повторува истото. Бебето може да стане несреќно заради брзиот доток на млеко, а нетрпеливо кога дотокот ќе се забави. Тоа може да биде напорно време за мајката.

  1. Туѓи протеини во мајчиното млеко

Некои протеини од исхраната на мајката можат да се излачуваат во млекото и да влијаат врз бебето. Најчесто станува збор за протеин од кравјото млеко. Меѓутоа, и други протеини исто така можат да бидат присутни во мајчиното млеко. Фактот дека овие протеини и други супстанции се наоѓаат во мајчиното млеко сам по себе не е лош. Од ова произлегува дека во лекувањето на доеното бебе со грчеви, прво што може мајката да преземе е да ги исфрли млечните производи од својата исхрана. Тоа значи дека треба да избегнува млеко, сирење, јогурт, сладолед и се друго што содржи млеко. Ако е протеинот на млекото променет, како кај готвењето, не би требало да има проблеми.

Запомнете: Нетолеранцијата на млечните белковини не е исто што и нетолеранција на лактоза. Мајката која е нетолерантна на лактоза сеедно треба да го дои бебето.

Што можете да направите?

  • Исфрлете ги сите млечни производи од својата исхрана на 7-10 дена. Ако нема промени на подобро, можете повторно да ги воведете во исхраната.
  • Ако постои подобрување, можете полека да почнете да ги враќате млечните производи во исхраната, но само ако и инаку ги користите. (Нема потреба мајката да пие млеко за да има млеко за доење). Некои бебиња воопшто не ги поднесуваат млечните производи во исхраната на мајката. Повеќето поднесуваат само некои. Мајката веќе ќе види која количина на млечни производи може да ја консумира без реакција кај бебето.
  • Ако ве загрижува недостигот од калциум, можете да го земате и без млечни производи. Распрашајте се за ова. Една недела без млечни производи нема да ви предизвика проблеми. Всушност, докажано е дека доењето ја штити жената од развој на остеопороза дури и ако не зема дополнително калциум. А бебето ќе добие се што треба.
  • Би требало да внимавате да не ја осиромашите премногу својата исхрана. Секој знае некого на чие бебе му било подобро откако мајката престанала да јаде брокула, говедско, банани, леб и слично. Ако ги слушате сите, еден ден можете да сфатите дека јадете само ориз.
  • Бидете трпеливи. Без оглед што ќе направите, ќе биде подобро. Дури и ако ништо не помага, времето ќе го направи своето. Плачните попладниња и вечери можеби ќе ви изгледаат бесконечни, но овој период на колики сепак поминува.
[better-ads type='banner' banner='999' ]