Како да ги заштитите бебињата од повреди?

Заради љубопитноста во првите години од животот децата се изложени на безброј опасности дури и во својот дом кадешто лесно можат да се најдат во разни опасни ситуации кога можат и потешко да се повредат. babylove има начин како да го заштитите Вашето бебенце во Вашиот дом, а Вие безгрижно да уживате во најсреќните мигови од неговиот раст.

0
190

Кога се мали, а особено во периодот на проодувањето, децата ги интересира се. Затоа многу места во домот можат да станат опасни за нив. Многу работи околу нив тие ги гледаат поинаку од нас, возрасните, сакаат да истражуваат, да откриваат, а најинтересно им е, се разбира, она што е забрането. Еве неколку совети на што се треба да се мисли кога станува збор за безбедноста на детето и што се можат родителите да преземат за да ги спречат повредите на децата во домот.

Секој оној, кој имал мало дете, знае дека периодот на проодување на бебињата, покрај тоа што е еден од најубавите за родителите и за самото бебе, може да биде и доста непријатен. Нестабилноста на бебето е одлика во овој период, па паѓањата се навистина честа појава.

Но не само паѓањата, туку и самата љубопитност на најмалите во оваа фаза може да доведе до непријатни ситуации.

babylove има начин како да го заштитите Вашето бебенце во Вашиот дом, а Вие безгрижно да уживате во најсреќните мигови од неговиот раст.

Во својот асортиман, достапен во dm дрогериите, babylove располага со производи, со кои ќе ги изолирате острите рабови, ќе ги осигурате струјните приклучници и ќе ги закличите ормарите кои се достапни за бебињата. Со самото тоа, периодот од проодувањето на Вашето дете за Вас, покрај најрадосен, ќе биде и безгрижен!

babylove заштита за струјни приклучоци, 6/1
babylove заштита од рабови, 4/1
babylove блокатор за врата, 1 парче
babylove блокатор за шкафови, 1 парче

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]