Како да го научите детето да поднесува пораз?

Делува тешко, но детето никогаш нема за ја совлада оваа вештина ако не вежба.

0
611

Сосема е нормално детето да биде разочарано кога ќе доживее пораз во нешто за што напорно работело, како што е изгубен натпревар за кој тренирало, но важно е да го научите да го прифати поразот, без чувство на огорченост или намалено самопочитување.

Детето, кое нема да научи добро да го прифаќа поразот, ќе има проблеми во воспоставувањето на пријателствата и ќе биде фрустрирано поради неуспехот. Еве некои начини на кои можете да го ублажите неуспехот:

Развијте ја емпатијата кај детето
На оваа возраст детето почнува да развива способност да се стави на туѓото место. Сега може да разбере дека може да ги повреди чувствата на децата со кои игра, ако се лути кога не победува. Прашајте го детето како би се чувствувало кого би се лутел некој друг кога тоа ќе направи нешто на што е гордо. Објаснете му на детето дека е во ред да биде тажно затоа што изгубило, но дека треба да се обиде да не ги повредува другите поради тоа.

Играјте тимски игри
Игрите, кои не се со натпреварувачки дух, ги елиминираат победат и поразот како категории и му помагаат на детето да учи како да стане тимски играч. Обидете се да си играте со дофлање на балон или нешто слично. Како што децата растат ќе мораат да играат во тим и да постигнуваат заедничка цел, а тимските игри се одличен почеток за навикнување на тоа.

Ставете акцент на напорот, вештината и забавата
Објаснете му на детето дека не е битно дали победува или губи, туку дека е битно како игра. Вашата работа е да го доведете детето до тоа да го сфати ова. Кога игра со други деца не го прашувајте дали победило, туку дали убаво си поминало. Пофалете го за се што направило добро, без оглед колку тоа малку било. Што повеќе насочете го детето да размислува за тоа како да ги развива своите способности, без оглед на резултатот, така што победата ќе биде помалку важна.

Учете го детето како да добро победува и добро да губи
Покажете му што значи да се биде добар победник и добар губитник. Кажете му дека победниците не се фалат за својата победа и не потсемваат на способностите на оние кои изгубиле.
Делува тешко, но детето никогаш нема за ја совлада оваа вештина ако не вежба. Најважно од се е да не дозволите вас детето да ве види дека лошо поднесувате кога ќе изгубите. Секогаш честитајте му на победникот.

Ако детето редовно лошо го поднесува поразот, можеби ќе морате целосно да го повлечете од натпреварувачкото играње. Насочете го на други области во кои ќе се чувствува добро. Учете го детето дека грешките се во ред и немојте да реагирате грубо кога ќе згреши. На пример, наместо да се лутите за лошите оценки на училиште, зборувајте со детето и разгледајте со него како би можело да ја поправи оценката. Со време ќе видите напредок.

[better-ads type='banner' banner='999' ]