Како да го поздравите детето кога излегувате без него, а да не се направи драма?

Секогаш кога ќе се поздравите со детето пред да излезете од дома градите однос на доверба.

0
1259

Дури и ако на почетокот, на пример, кога ќе почнете да одите на работа, вашето дете тешко ја прифаќа разделбата од вас и тоа што излегувате без него, тоа со време ќе сфати дека може да ви верува и дека вие сигурно ќе се вратите после одредено време. На овој начин поттикнувате отворена комуникација која ќе биде од огромна важност во периодот на адолесценција.

Еве како најбезболно да се поздравите со детето кога мора да излезете без него, а тоа да не се претвори во драма.

Подгответе терен. На овој начин вашето излегување од дома нема да го изненади детето и тоа ќе има доволно време да се навикне. Не е потребно да го информирате премногу рано, сосема е доволно да го направите тоа 15 минути порано со реченица од типот „Сега ќе дојде баба затоа што мама мора да излезе. Кога ќе завршиме со ужинката ќе мора да се поздравиш со мама“.

Кажете му кога се враќате. Ако му кажете нба детето кога се враќате тоа ќе се чувствува побезбедно. Така ќе знае и дека ќе се вратите секој пат кога одите некаде и нема да го има чувството дека сте го напуштиле. Ако не знаете точно кога ќе се вратите, моете да кжете отприлика или да му покажете кога малата сказалка ќе биде „на тој број“ или „кога ќе станеш од спиење“ и слично. Кога ќе се вратите можете слободно да нагласите колку сте биле точни.

Раскажувајте му на детето што ќе прави додека вие не сте тука. Детето ќе се чувствува посигурно и ќе биде помалку збунето од ситуацијата ако има некоја програма во главата. Може дури и да буиде многу мотивирано да се поздрави со вас ако тој план му се допаѓа. Објаснете му, на пример дека „ќе дојде тетката што ќе го чува и ќе му ја чита омилената приказна“ или пак „ќе дојде тетката што ќе го чува и ќе си играат со коцки“.

Воспоставете рутина. Рутината му помага на детето да има чувство на кобтрола над ситуацијата.

Поздравувајте се брзо. Важно е поздравот да биде краток инаку детето секако ќе почне да плаче. На пример, можете да му испратите бакнеж и да му кажете да си го стави во џепчето ако му недостасувате додека не сте тука.

Како вие го поздравувате вашето дете кога излегувате од дома?

loading...