Како да се поттикнат децата на здрава храна?

Според едно истражување спроведено во Синсинати, Охајо, децата можат лесно да се поттикнат на поквалитетна исхрана, со поставување симболи со насмеани лица покрај здравата храна и нудење на мали награди при купувањето на одредени видови на намирници.

0
244

Со поставувањето симболи со насмеани лица покрај здравата храна и нудење на мали награди при купувањето на одредени видови на намирници децата можат да се поттикнат на почесто конзумирање на здрава храна, покажало истражувањето

Изгледа дека најдовме ветувачки, не многу скап и делотворен начин за подобрување на исхраната на школските деца, рекол авторот на студијата Роберт Сигел од детската болница во Синсинати.

Ваквиот програм би можел да им биде корисен на училиштата кои настојуваат да ја подобрат исхраната на своите ученици, нагласил тој.

За потребите на истражувањето научниците поставиле зелени „смајли“ ознаки покрај овошјето, зеленчукот, немасното млеко и житарките кои се послужувале во ресторабите или кантините во одбрани градинки и училишта во Синсинати.

После три месеци го вовеле концептот на „здрав послужавник“ на кој се нудела само здрава храна. Децата кои ќе ја одберат добивале мала награда, налепница, провремена тетоважа или топче.
Резултатите покажале дека консумацијата на немасно млеко се зголемила од 7,4 на 48 отсто, а на чоколадното се намалила од 86,5 на 44,6 отсто.
Потрошувачката на овошјето се зголемила за 20, a на зеленчукот за 62 отсто.
резултати биле презентирани на годишниот состанок на американските педијатри во Сан Диего.

[better-ads type='banner' banner='999' ]