Како е да се биде родител во Данска? (3 дел)

Се прашувате зошто Данците полесно се одлучуваат на родителство и зошто имаат повеќе деца? Се прашувате како е во Данска регулирана семејната политика и на кои начини државата им помага на родителите и го поттикнува наталитетот?

0
478

Бесплатно образование

Градинките се плаќаат, но кога детето ќе тргне во училиште, неговото образование па се до завршувањето на факултетот, е бесплатно. Односно, неговото образование го платиле граѓаните на Данска преку даноците, а со тоа добиле општество во кое секој, без оглед на економскиот и на социјалниот статус во општеството, може да студира ако тоа го сака.
Освен државни училишта, постои опција и за запишување на детето во приватни училишта, но и тука родителите плаќаат само 20% од сумата (помеѓу 200 и 250 евра, а остатокот го плаќа државата. Со оглед на тоа што државните училишта се многу квалитетни и добри, родтелите одбираат приватбо училипште само доколку сакаат баш некоја специфична метода на подучување (на пр.Монтесори) или ако детето сакаат повеќе да го усмерат на некое специфично подрачје (на пр.спортски училишта, училиште на странски јазик и сл.). Сепак, данската државна матура е иста за сите ученици, без оглед кое училишпте го завршиле. Освен што ќе студираат бесплатно, Данска на своите студенти им дава и мал џепарлак. Ако живеат со родителите студентите добиваат од државата неколку стотини евра, односно износ кој зависи од платата на родителите (колку е повисока, толку е тој износ од државата помал). Просечниот износ што го примаат студентите е околу 300 евра месечно. Ако студентот живее сам и е постар од 20 години, државата му дава како помош 800 евра месечно. Тој износ може и да се намали доколку студентот иработи, односно, ако самиот заработува повеќе од 1.600 евра месечно. Студентските кредити се многу поволни, со речиси незначителна камата.

Настава базирана на искуство

Шестгодишниците одат во своевидна претшколска градинка, но со 7 години стануваат основци. Од првиот ден наставата е организирана проектно. Децата учат да работат во тимови и добиваат разни предизвици што мораат да ги совладаат. Низ таков пристап и најмногу учат. За да не се сведе се само на учење на факти, речиси секоја недела децата одат на „терен“ – во природа, во музеи, театар, библиотеки, на железнички станици, во научни институции, фабрики, приватни фирми … Се настојува се што пишува во учебниците на децата да им се објасни и да им се покаже и во реалниот живот. Иако е Финска позната како земја со најмодерен и најделотворен образовен систем, Данска не заостанува многу. На листата на земји со најдобар образовен систем на светот, Данска е на високото 11 место. Пред неа, во ЕУ се само Финска, Обединетото кралкство, Холандија и Ирска. Секое дете со тешкотии во развојот има барем еден асистент во наставата кој е платен од буџетот на локалната единица. Понекогаш за детето се грижи цел тим на стручњаци, зависно од видот на проблемите. Секако, и учебниците за основно и средно училиште се бесплатни.

Веронаука на дански начин

Официјална вера во Данска е христијанството, односно евангелистичко-лутеранската црква (протестантска). Околу 28% Данци се изјаснуваат како христијани, додека 72% веруваат дека постои „нешто“ или се атеисти и агностици (околу 24%). Данците ги почитуваат сите религии и потребата на своите сонародници верници, но се речиси индиферентни кон тоа прашање. Верата е приватна работа на секој граѓанин и среќни е што живеат во секуларна држава. Данците воопшто немаат потреба да се изјаснуваат како верници или неверници, затоа што сметаат дека тоа не е прашање кое било што зборува за нечија личност и вредности. Во училишптата постои веронаука два пати неделно, но родителите и децата можат да одберат дали ќе ја посетуваат или не. Децата кои посетуваат веронаука пак, ќе се запознаат со сите религии на светот.
Сексуално воспитување од петто одделение
Околу 11 година или во петто одделение децата почнуваат да учат за сексуално одговорното однесување. На почеток ги учат биолошко-социолошките основи, но околу 13-тата или 14-тата година сексуалното образование ги запознава со поими како полно преносливи болести, заштита од болести и од несакана бременост, почитување и самопочитување, сексуална оринетација и различитости…
Сексуалното образование е задолжително и постојано се надградува со нови лекции. Голем предизвик за педагозите е порнографијата која им е достапна на децата преку смарт телефоните па многу се работи на едукација како најдобар начин за превенција на полно неодговорно однесување.
Освен сексуално, децата од основно училипте имаат и граѓанско воспитување како посебен предмет.

Здравјето не е резервирано за богатите
Во Данска не може да ви се случи да плаќате здравствено, а потоа и уште куп други партиципации. Сите лекарски прегледи и престојот во болниците се бесплатни. Исто така, на децата со посебни потреби и тешкотии во развојот им е обезбедена бесплатна рехабилитација. Единствено што не е бесплатно се стоматолошките услуги. Децата до 18 години не плаќаат, но потоа цената на поправка на забите е астрономска. Протезите за заби се околу 5.000 евра, а обична пломба чини околу 200 евра.

И покрај се, пад на наталитетот и во Данска
Денеска, без оглед на сите напори на државата, Данците имаат се помалку деца. Данските економисти пресметале дека за неколку години, жителите од третата доба ќе станат товар за пензискиот и здравствениот систем, па данската влада одлучила да пореземе нешто на време. Односно, почнала со силна кампања за мотивирање на младите на родителство а резултатот е 1200 бебиња повеќе родени ова лето во однос на летото 2015. Тоа е мал исчекор, но се надеваат дека со годините тоа ќе се смени, а со оглед на скандинавската иницијативност и организираност, не се сомневаме дека ќе успеат во тоа.
(крај)

[better-ads type='banner' banner='999' ]