Како изгледа ручекот во јапонските училишта, кој трае 45 минути

0
674

Основното училиште во јапонскиот град Саитами има 682 ученици од прво дошестп одделение. Ручекот во јапонските училишта мошне се разликува од ручекот во училиштата низ светот, а малите Јапонци многу го сакаат.

Ручекот во траење од 45 минути се смета за едукација, токму како математиката или читањето, вели директорот на основното училиште во јапонскиот град Саитами. Видеото снимено во училиштето докажува дека Јапонците ручекот успеале да го претворат во вистински мал час по воспитување со спојување на учењето за здрава исхрана со хигиената и чистењето.

Ова училиште има и своја градина во која учениците садат зеленчук и овошје. Од тие продукти подоцна се приготвува храната во училишната кујна во која пет работници секој ден готват 720 оброци. 

ХИГИЕНАТА ПРЕД СЕ

Во 12:25 завршува четвриот час и почнува ручекот. Одделението со дури38 ученици под водство на еден учител прво ги мијат рацете, ја поставуваат својата маса, облекуваат посебна униформа, ги стелиризираат рацете со гел и одат по храната во училишната кујна и притоа задолжително му се заблагодаруваат на персоналот на кујната на вложениот труд.

Се враќаат во училницата и учениците кои тој ден биле задолжени за послужување на ручекот делат оброци – тој ден на менито била супа одзеленчук, риба и компир одгледани на училишната фарма. 

Интересно е дека по ручекот никогаш нема остатоци, децата мора да ја изедат сета приготвена храна и понекогаш дури се натпреваруваат околу тоа кој ќе добие репете.

РЕЦИКЛИРАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ

Картонските кутии од испиеното млеко на лице место се подготвуваат за рециклирање и кога се готови ги мијат забите. На самиот крај учениците ги земаат нечистите садови и приборот за јадење, го носат во кујната на миење.

Тогаш 20 минути практикуваат физичка активност која само на ретките им е мила – го чистат училиштето. Меѓутоа, малите Јапонци не се бунат туку послушно ја преземаат одговорноста за нередот којшто сами го направиле и го чистат.

Благодарение на ваквите делотворни методи за воспитување, децата од мали нозе ги усвојуваат потребните знаења, вештините и одговорното однесување кое и тоа како ќе им користи во животот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]