Како раѓале жените низ историјата?

Еве неколку шокантни информации за бременоста и за тоа како изгледале породувањата на жените низ историјата.

0
847

Кога ќе ги прочитате овие факти за тоа како изгледале бременостите во минатото ќе сфатите дека сега дури и во македонски услови, не може да е толку лошо.
Во дамнешни времиња жените раѓале стоејќи на цигли. Ова стоење на цигли имало за цел жената да биде што повисоко за да може бабицата полесно да го фати бебето при породувањето.
Кога луѓето престанале да живеат исклучиво со номадски начин на живот и поминувале повеќе време на едно место, почнале да се користат столици за пораѓање за да им се олесни на жените.
Иако денеска ова звучи забегано, порано на жените им се давал алкохол за да чувствуваат помалку болка при породувањето.
Жените од високите сталежи биле приморани да се пораѓаат во јавност за да се избегнат манипулации со замена на бебиња или нешто слично.
Во некои јужниафрикански племиња жените смееле да се омажат исклучиво за време на самиот чин на породување. Не изгледа многу привлечно ова изговарање на судбоносното „да“ додека жената чувствува неподносливи болки.

Во некои средини жените за време на родилните болки морале да прават торти, верувајќи дека тоа ќе им ги намали болките.
Долга низа години, со оглед на тоа што се до 20.век не се обрнувало премногу внимание на хигиената и на пренесувањето на зарази, заради лошите услови и неразвиените техники на раѓање, за секоја жена бременоста била опасна по живот.
Лековите против болки користени во текот на породувањето се откриени дури на почетокот од 20 век, но е донесена забрана за нивно користење затоа што е сметало дека смислата на женскиот животен пат е во поднесувањето на болка.
Во индијанските култури жените раѓале стоејќи или клечејќи и детето морало самото да излезе. За да се ублажи падот на детето, на тлото се ставал слој од лисја.

loading...