Како се раздвоени татковците и синовите

Првпат во човечката историја созреала генерација момчиња кои не се одгледувани од татковците во вистинската смисла на зборот. Девојчињата учат од мајката да бидат жени – но момчињата не можат да научат да бидат мажи од неа колку и да е таа добра мајка.

0
188

Човечкиот род со стотици илјади години живеел во мали номадски групи – во кои имало по 20-40 луѓе. Во текот на животот тие среќавале само околу 200 луѓе во текот на целиот живот. Дури и кога се завршило новото камено доба и кога почнала пишаната историја, се уште 4.000 години луѓето живееле во села и во мали места. Во стабилниот начин на живот на племињата и селата, татковците и синовите живееле и работеле едни покрај други. Татковци, вујковци и дедовци ги учеле помладите момчиња на својот занает и истовремено, ги учеле како да бидат мажи. Во текот на целиот ден тие биле опкружени со мажи кои активно ги поттикнувале и ги учеле. Но потоа се почнало да се менува. Со преоѓањето на земјоделие, со создавањето на градовите и доаѓањето на индустриската револуција, засекогаш се сменило се. На градовите му била потребна работна сила, фабрички работници, службеници и слично и за првпат во историјата татковците почнале да работат далеку од синовите, станувале пред зора и се враќале кога ќе паднела ноќта. Воведено е и школувањето и за првпат во историјата, созреала генерација на момчиња која не била одгледана од татковците во вистинскиот смисол на зборот. Ваквиот аранжман денеска се прифаќа здраво за готово. Татковците работат, а децата ги чуваат мајките или пак воспитачките во градинките.

И денеска, 150 години потоа, ова функционира на истиот начин од перспективата на синовите. Денеска татковците работат во почисти и побезбедни средини, но ефектот врз семејството е ист, а  може да биде и полош. Мажот кој работи во канцеларија има малку заеднички работи со синот и често не може ни да му објасни со што се занимава. Тато „оди на работа“, кадешто едноставно исчезнува во некоја несфатлива активност цели девет или десет часа дневно. Одлична илустрација за овој однос меѓу татковците и синовите е и она што се случило во текот на тестирањето од страна на компанијата за производство на играчки „Мател“ во средината на 70-тите години од минатиот век. Имено, компанијата сакала да пушти во продажба семејство кукли наречени “Семејство Срце“. Прво ги испитале моделите кои се состоеле од мајка, татко и две деца. Многу деца кои учествувале во тестирањето ја земале куклата која го претставувала таткото и ја тргале настрана. Запрашани: „Што е со таткото?“, децата одговарале: „Тој е на работа“ и ја оставале куклата недопрена.

Работата на таткото немала суштина или смисла и е ретко користена во текот на играта. (Конечно проблемот бил решен. Куклите-татковци биле продавани посебно со тоа што им биле додадени големи мускули, оклопи и пушка!).

Од друга страна, со денешната стапка на разводи, можеби третина од децата растат без татко или со татко кои само на периоди се појавува во животот на детето. Резултатите од едно истражување покажале дека една година по разводот, околу 30 отсто од татковците повеќе немале контакт со своите деца.

loading...