КЕЈТ МИДЛТОН ИМА СОВЕТ КОЈ НИТУ ЕДЕН РОДИТЕЛ НЕ СМЕЕ ДА ГО ИГНОРИРА

0
644

Војвотката од Кембриџ добила прилика да уредува страна во „Хафингтон пост“ и притоа напишала блог во кој проговорила за табу темата меѓу родителите – менталното здравје на децата.

Откако се омажи Кејт Мидлтон му се посвети на работењето со разни хуманитарни организации, а некои од нив се грижат за децата и младите со ментални тешкотии.

Во својот блог војвотката напоменала дека возрасните честопати се срамат да бараат помош за своите деца, бидејќи се плашат дека ќе бидат окарактеризирани како лоши родители.

„Тоа мора да се промени. Менталното здравје на нашите деца мора да биде еднакво важно како и физичкото. Премногу долго се срамевме да признаеме дека на нашите деца им треба емотивна или психијатриска помош, се грижевме дека стигмата поврзана со овие проблеми ќе им штети на нивната иднина.

Како и многу други родители, Вилијам и јас не би се колебале да побараме помош ако на нашите деца им биде потребна. Сакам да ги охрабрам Џорџ и Шарлот да разговараат за своите емоции, да им всадам алати и чувствителност поради кои ќе бидат полни со поддршка за своите пријатели кога ќе станат постари.

Знаеме дека мало дете кое се бори со своите емоции или има ментална болест не е ништо срамно“, напишала војвотката од кембриџ во својот блог.

loading...