Кои опасни работи треба да му дозволите на вашето дете да ги прави?

Заради грижата за сигурност на децата често им ускратуваме значајни можности да учат за светот околу себе. Ако се осмелите, испробајте некој од предлозите на Гевер Тули и Џули Спиглер, автори на книгата „50 опасни работи кои треба да им ги дозволите на вашите деца“. На пример, да си играат со оган, да лизнат батерија од 9 волти, ....

0
193

Книгата „50 опасни работи кои треба да им ги дозволите на вашите деца“ ја одбиле 16 издавачи заради страв од родителски тужби. Авторите не се предале и почнале да ја печатат книгата по нарачка. Набрзо, книгата стана една од најпродаванитe на Амазон. Идејата што стои зад книгата на Гевер Тули и Џули Спиглер „50 Dangerous Things (You Should Let Your Children Do)“ е тоа дека дозволувајќи им на децата да се изложат на опасност им овозможуваме да ја развијат креативноста, да се учат на решавање на проблеми и истовремено да искусат малку од старата добра забава. Оваа книга е вистински противотров за современото родителство кое создава презаштитени деца, без самодоверба, снаодливост и отпорност. Некои од предлозите во книгата се типично детски активности, како што е на пример качувањето на дрво, додека некои бараат повеќе труд и се наменети за постари деца.

4731791788_f6d2e0ff6d_b_wide„Се обидовме да се сетиме кои искуства од детството ни беа највпечатливии и кои најмногу ни користеа. Оваа книга е наш свесен обид да отвориме национален и глобален дијалог за тоа колку штета им нанесуваме на децата со тоа што премногу ги штитиме од искуствата кои претставуваат предуслов за развој на творечкиот гениј. Секој ден се усвојуваат нови закони кои сè повеќе ги ограничуваат децата да го искусат вистинскиот свет. Во секое сценарио го гледаме само најлошиот исход. Кога ќе видиме како дете се качува на дрво, мислиме дека ќе падне и ќе биде инвалид сиот свој живот. Кога ги чуваме од сите можни опасности, ние ги спречуваме да ги доживеат оние искуства кои ги учат на самодоверба и излегување на крај со ризиците“, велат авторите.

8654410907_0fb8275b85_z

Во книгата со секој предлог се наоѓа детално упатство како и предупредување за потенцијалните опасности. Еве некои од опишаните активности кои ги предлагаат авторите за вашето дете:

  1. Да лизне батерија од 9 волти (и да го осознае вкусот на електрицитетот)
  2. Да си игра надвор кога има невреме (и да ја почувствува блискоста со природата)
  3. Да ја извади раката низ прозорец за време на возењето (и да го почувствува струењето на воздухот)
  4. Да си игра и експериментира со правосмукалката (и да го смени односот кон тоа доживување за цел живот)
  5. Да фрла камења (и да ги оживее своите примитивни нагони)
  6. Да помине еден час со врзани очи (и да го гледа светот без сетилото за вид)
  7. Да расклопи некој апарат (и да ги открие неговите скриени тајни)
  8. Да се вози со јавен превоз (и да стане сам свој навигатор)
  9. Да се нурне во контејнер (и да спаси нешто корисно што би завршило во ѓубре)
  10. Да оди под земја (и да го запознае светот под површината)
  11. Да извежба совршен колут напред (пред да ги забранат во неговото училиште)
  12. Да се обиде да вози автомобил во вашиот скут (и да ја преземе контролата над 2,5 тони метал)
  13. Да фрла копје (и да го активира вродениот механизам во мозокот)
  14. Да става необични работи во микробранова печка (и да експериментира со електромагнетните бранови во кујна)
  15. Да фрла работи од автомобил во движење (и да си игра со брзината, гравитацијата и отпорот на ветерот)
  16. Да направи бомба од оцет и сода бикарбона во кеса (и да научи како нештата експлодираат)
  17. Да свиткува челик (и да ја употреби силата на ветерот за да го обликува металот)
  18. Да скрши стакло (за да се ослободи од желбата за тоа)
  19. Да мечува (во филмски и театарски стил)
  20. Да настапува на улица (и да ги забавува луѓето заради
    забава и заработувачка)
  21. Да си игра со оган (за да научи да го контролира)
  22. Да има џепно ноже (ќе му помогне да ги научи основните и едноставни правила – секогаш да сече во смер од неговото тело, острицата да ја одржува остра и никогаш да не сече на сила. Навистина, некогаш ќе се исечат, но тоа брзо ќе зацели.
loading...