Кои се можните компликации од прераното одвикнување од пелени?

Пред да почнете да го одвикнувате вашето дете од пелени, запознајте се со потенцијалните опасности

0
859

Знаете ли кога родителите во просек почнуваат да ги одвикнуваат децата од пелени? Тоа се случува на возраст помеѓу 18 месеци и три години. Тој процес е многу комплициран и бара задоволување на некои предуслови (психичка зрелост на детето), а раното почнување не мора да значи дека детето побрзо ќе ја совлада таа вештина. Стручњаците им советуваат на родителите никако да не го почнуваат тој процес додека не оценат дека е детето целосно подготвено.

Тренирање на новороденчето

Иако звучи неверојатно, некои родители почнуваат да го учат бебето да седи на нокшир уште на три месеци. Истиот обичај постои кај многу народи кадешто е тоа сосема нормално и кадешто родителите поголемиот дел од денот минуваат носејќи ги своите деца.

Родителите научуваат да ги читаат знаците кои ги покажува детето кога треба да извршат долга или кратка нужда и го учат бебето како да издржи додека не дојде до веце.

Педијатарката Гвен Девар смета дека новороденчињата не се развојно способни да ги контролираат својот меур и цревата, но можат да се научат да се воздржат од нагонот додека не добијат одобрување од своите родители.

Компликации од раниот тренинг

Стручњакот за тренирање на децата на нокшир, Т.Бери Брејзелтон смета дека децата не се психолошки подготвени да ги контролираат својот меур и цревата. Тој вели дека нема да бидат подготвени додека не досегнат одредено ниво на невролошки развој, а тоа се случува околу 18.месец од животот. Обично, кога децата ќе научат да користат нокшир, ја совладуваат и вештината за задржување на  урината и столицата на подолг период, на пример, за време на играта кога не сакаат да направат пауза за да „завршат работа“.

Многу малите деца полесно че ја развијат оваа навика и тие можат да бидат поттикнати со рано одвикнување од пелени. Но децата кои ја задржуваат урината или столицата исто така можат да почнат да страдаат од запек или „чести незгоди“ во гаќичките. Стручњаците предупредуваат декаа кога сосема мали деца ќе почнат да се воздржуваат од потребата за празнење, мускулите на нивните меури, како и оние во ректумот, стануваат подебели и посилни што почнува да им го отежнува чувството на природна потреба за одење во веце.

Компликации од доцниот тренинг

Како што постојат предности и маани на раното почнување за одвикнување од пелени, истото важи и за доцното. Така педијатарката Девар предупредува дека ако почнете со одвикнувањето откако детето ќе наполни 32 месеци, постои можност дека тоа ќе страда од инконтиненција, ќе мокри во кревет и почесто од своите врсници ќе заболува од уринарни инфекции.

Некои други студии не нашле разлики во однесувањето и развојот на децата кои се рано и доцна одвикнувани од пелените. Затоа стручњаците повторно ги упатуваат рпдителите да внимаваат на знаците на подготвеност кои децата ќе им ги покажат и дури тогаш треба да иницираат одвикнување.

Проценка на подготвеноста

Родителите се повеќе или помалку единствени луѓе кои можат правилно да проценат кога е нивното дете подготвено на симнување на пелените. Исто така, децата ќе им сигнализираат дека е вистинско време за ова покажувајќи интерес за нокширот, разговарајќи за тоа и покажувајќи љубопитност.

Кога ќе се појави интересот, поттикнете го и охрабрете го со приказна, сликовница и цртани на таа тема и слично. Некои од факторите кои можат да влијаат на детската подготвеност се и семејните ситуации, детското ниво на зрелост, тргнувањето во градинка, психичките и физичките болесгти кои детето може да ги има. Без оглед на тоа кога почнувате со процесот, советуват стручњаците, бидете трпеливи затоа што сето тоа може да потрае со месеци.

[better-ads type='banner' banner='999' ]