Кои се најсреќни деца и најопуштени мајки на светот?

Најдобро од се во Холандија е што постои скратено работно време кое го практикуваат повеќе од 70% од холандските мајки. Така, сепак заработуваат и и се посветуваат на работата, но им останува време и да се напијат кафе со пријателките.

0
300

Една студија на УНИЦЕФ покажала дека децата во Холандија се најсреќни на светот, а и нивните мајки не се ништо помалку задоволни. Австралијанката Михал Гринер која веќе седум години живее во Холандија мисли и дека холандските мајки се најопуштени на светот.
Тешко е во Холандија да се види мајка која лесно ќе се изнервира и ќе го крене гласот, пишува таа за Вашингтон пост. Холанѓанките изгледаат како да уживаат во друштво на децата и во семејните активности. Истовремено, како да не постои социјален натрпревар и грижа за тоа што ќе мислат за вас соседите и дали вашата роденденска прослава ќе ги восхити гостите – обично се организираат мали прослави дома, а подароците се скромни. Во училиштата не постои „брендирање“ и загледување во облеката што ја носат другите.
Она што на оваа мајка и паднало во очи е тоа дека децата не се гледаат како одраз на нивните родители, па со самото тоа ниту родителите не чувствуваат толку голема одговорност за детскитре успеси или неуспеси. Во култура во која не се цени кога некој „отскокнува“, ниту децата не се под притисок да бидат извонредни. Нема многу домашни задачи, а децата се слободни да си играат и да бидат самостојни од мали нозе.
Најдобро од се е, пишува Гринер, тоа што постои скратено работно време кое го практикуваат повеќе од 70% од холандските мајки. Така, сепак заработуваат и и се посветуваат на работата, но им останува време и да се напијат кафе со пријателките.
Не се принудени да избираат помеѓу губење на идентитетот како последица од мајчинството и работното време кое не им дозволува да си го гледаат семејството.
Државата обезбедува одлични услови за родителите – бесплатни училишта, здравствена заштита, парична помош.
Сепак, важна особина која на холандските мајки им овозможува да си ги зачуваат нервите кога нивните деца имаат напади на бес, е успешното владеење со емоциите кое како да им е всадено во гените. Контролирањето на емоциите е во Холандија нешто што се стекнува како дел од културата и е многу корисно кога треба да се покаже трпеливост кон децата, заклучува таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]