Која е најдобра храна за вашето бебе во првата година?

Добро е кога вашето бебе сака се да јаде, но сепак треба да знаете што е најдобро да му дадете да јаде во текот на првата година. Понудете му на вашето бебе авокадо, сладок компир и уште некои намирници за кои можеби не сте знаеле дека е добро да му се даваат

0
2426

Кога станува збор за хранење на бебињата, нема фамозни 10 совети кои секоја мајка ќе ги испринта, запише, ќе ги закачи на фрижидерот и ќе се придржува кон нив.
Но стручњаците се сложуваат дека ограничувањето на вашето бебе на неколку „најдобри“ намирници во текот на првата година од животот (или во било која друга година) е всушност само штетно. Еве зошто: во првата година од животот се развиваат вкусовите на бебето за храна. Постојат три правила кон кои треба да се придржуваат сите родители. Побарајте намирници со различни бои, водете сметка за свежината на намирниците и понудете му на бебето нов вкус или различен состав на храната во согласност со возраста на бебето. Следејќи ги овие правила, родителите ќе најдат повеќе од 10 видови на овошје, 10 видови на зеленчук и повеќе од 10 извори на протеини. Добро е да се послуша и совет од педијатарот во врска со исхраната и додавајќи ги и овие споменати намирници ќе го избегнете она вообичаено мислење дека бебето во првата година не треба да го храните со намирници за возрасни. Напротив, вашето бебе ќе добие добар и квалитетен почеток во својата идна исхрана.

Мајчино млеко
Колку пати сме слушнале дека мајчиното млеко е најдобро! Педијатрите ширум светот особено препорачуваат хранење со мајчино млекои најмалку во текот на првите четири месеци од животот па дури и до 6 месеци. Сметаат дека е препорачливо и хранењето со мајчино млеко до една година и повеќе ако тоа им одговара на бебето и на мајката. Такашто, дефинитивно, мајчиното млеко е најдобрата храна за бебето.

Јогурт
Обичниот (не овошен) јогурт од полномасно млеко е уште еден извор на протеини а освен тоа содржи калциум и корисни лактобактерии. Се поставува и малку чудно прашање? Зошто е јогуртот од кравјо млеко добар и подобен за бебето, а кравјото млеко не? Одговорот е едноставен: лактозата се уништува во процесот на создавање на јогурт, а протеините од млекото се или редуцирани или отстранети па процесот на варење за бебето е поедноставен.
Препорака: од 9 месеци.

Авокадо
Авокадото е првото овошје што би требало да му го понудите ба своето бебе, затоа што е богато со едноставно топливи масти (и тоа добар вид на масти) и има благ вкус и избалансиран состав а и лесно се подготвува: едноставно измешајте го зрелото авокадо со малку мајчино млеко додека не добиете кашеста смеса.
Препорака: од 6 месеци.

Житарки богати со железо
Иако е вашето бебе родено со доволна количина на железо, таа ќе се намали кога бебето ќе има 6 месеци. Потребно е да се воведува храна богата со железо, особено житарки збогатени со железо. Не треба тоа да биде традиционалната прва храна со овесни снегулки, тоа може да биде и рж или јачмен само внимавајте да ги воведувате постепено и во мали количини.
Препорака: од 4-6 месеци.

Месо
Месото како пилешко, јагнешко или говедско е одличен извор на протеини како и на железо и робофлавин, ниацин, витамин Б6 и цинк. Водете сметка да е доволно меко и во облик на пире затоа што во спротивно дури и ако се парченцата мали, би можеле да доведат до гушење и до пречки при голтањто. Исто така можете да го измешате и со малку мајчино млеко, дури и со малку пире од зеленчук. Или пак можете да купите веќе готов месен оброк за бебиња.
Препорака: од 6 месеци.

Слатко
Во ред е ако кажеме дека нема идеална детска храна, но слаткиот компир е многу близу до таа идеална намирница и е една од најхранливите. Зошто? Затоа што е богат со бета каротин кој телото го претвора во витамин А, а тоа е многу важно за добар вид, здрава кожа и нормален раст а создава отпорност на инфекции. Осцвен тоа многу бебиња го сакаат вкусот на слаткиот компир.
Препорака: од 6 месеци

Цвекло
Цвеклото е извонреден извор на хранливи состојки но и на фолна кислеина, калиум и бета каротен, а освен тоа се и зеленчук со поблаг вкус кој бебињата брзо го асакуваат. Можете да го испечете или да го сварите на пареа додека потпилно не омекнат а тогапш само згмечете го во пире.
Препорака: од 11 месеци.

loading...