Колку е лесно да се киднапира дете дури и пред очите на мајката (ВИДЕО)

Ова е најлош кошмар на секој родител, но има ли начин да се спречи?

0
552

Веќе сме виделе некои од неговите експерименти и се чини дека секогаш успева да ја докаже нивната поента. Колку и да им зборуваме на децата дека не треба да разговараат со непознати, а уште помалку да заминат некаде со нив, изгледа дека тие во одреден момент забораваат на сите наши предупредувања и се едноставно спремни да заминат со непознат…рака за рака, дури и кога е мама во близина.
Тој се вика Џој Салад, а ова е уште еден во низот од неговите социјални експерименти со деца. И овојпат Џој прво ги прашува мајките да смее да им пријде на нивните деца и да се обиде да ги убеди да заминат со него со помош на слаткото кученце Донатс.
Кога ја прашува првата мајка дали смее нејзиното девојче да го намами да заминат заедно од паркот ветувајќи дека ќе и покаже уште слатки кученца, мајката се согласува, иако не се надева дека нејзиното девојче ќе се согласи.

Можете ли да претпоставите како би реагирале вашите деца во слична ситуација?

loading...