Конечно е докажано дека и татковците се важни за подобар развој на бебето

Според британско истражување, децата кои поминувале уште како бебиња многу квалитетно време со своите татковци, кои со трпение и без нервоза ги забавувале и се грижеле за нив, покажале фасцинантни резултати

0
223

Татковци, бидете спокојни, им требате на вашите деца еднакво како и мајките. Можеби веќе и го знаевте тоа, но сега е и докажано.

Кога татковците си играат со своите деца, кога се ангажирани и притоа, смирени и внимателни, можат да влијаат на своите деца еден ден да бидат попаметни, со многу подобри комуникациски и когнитивни вештини. И тоа од првиот ден на нивното раѓање.
Затоа, мајки, немојте да бидете посесивни, дозволете им на татковците добро да се навикнат на тоа мало суштетство што стасало дома, па иако дел од работите сигурно нема да можат да ги одработат како вие (на пример, доењето или грижата во времето додека е таткото на работа), се освен тоа би морало да биде пола-пола.
Но смирено, нежно. Градете таква врска со своето дете од самиот старт.
Така вели студијата која е неодамна завршен во Велика Британија, под раководство на тимот од Империал Колеџ Лондон, а во чии рамки набљудувале 128 татковци во нивната интеракција со децата.

Поентата била да се види како се однесуваат татковците кон децата, какви врски создаваат, како се галат, си играат, читаат и воопшто, како го минуваат времето со своите бебиња. И тоа, со тримесечните бебиња.

Студијата е правена во два наврати.
Во првиот се набљудувани татковци со тримесечни бебиња, а во вториот дел истите тие бебиња, но на возраст од 24 месеци, се подвргнати на стандардни тестови за менталниот развој.

Резултатите се фасцинантни затоа што се покажале навистина големи отстапувања, односно, одлични резултати токму кај оние деца со кои татковците поминувале многу квалитетно време, кои со многу трпение и без нервоза ги забавувале своуте деца и се грижеле за нив. И токму тоа е совршен доказ дека татковците не смеат да бидат истуркани од животот на децата или пак самите да се повлечат од бебето затоа што е тоа наводно мало и му треба само мајката.
Дури и на возраст од три месеци, татковците можат силно да влијаат врз нивниот подоцнежен развој.

[better-ads type='banner' banner='999' ]