Курс за трудници по светски стандарди

Организацијата за грижа и едукација на бремени жени, родители и деца „Лулка“ организира курс за трудници во последното тромесечие од бременоста кој се посетува 8 часа по 90 минути во тек на 1 месец.

0
487

По неколкумесечна подготовка, започнува еден многу значаен проект на организацијата Лулка – Курс за трудници или т.н. Психофизичка подготвка за породување.

Организацијата Лулка во периодот од 2011-2013 година организираше ваков курс, кој беше посетен од над 100 млади двојки, трудници со нивните партнери. Од овој месец „Лулка“ почнува да формира групи за посета на курсот. Активностите ќе ги води акушерка која е дел од Стручниот совет на организацијата Лулка, во кој учествуваат и гинеколог акушер, педијатар и психолог.
Курсот за трудници се посетува 8 часа по 90 минути во тек на 1 месец. Наменет е за трудници по 28-мата гестациска недела, т.е. во последното тромесечие од бременоста.
Целокупните активности се прилагодени на трудниците во последно тромесечие од бременоста. Секако, сите активности мора да бидат во согласност со гинекологот-акушер кој ја следи бременоста.
Повеќе информации и пријавување на нивната е-маил адреса info.lulka@gmail.com и на тел.број 078/377-791.

Организацијата Лулка продолжува и со реализација на работилници за бременост, породување и за доење.

Во рамките на месечните работилници трудниците и младите мајки кои дојат можат да добијат одговор на сите свои прашања од стручниот тим на Лулка.

Работилниците ги води гинеколог-акушер (бременост/породување), педијатар (доење и нега на бебето) и психолог (семејни системи и релации, постпартални состојби, родителство).

[better-ads type='banner' banner='999' ]