Лекција од 40 секунди која може да го спаси вашето дете од гушење (ВИДЕО)

 Споделете со пријателите и бидете подготвени за моментите кога тоа ќе ви биде најпотребно!

0
1813

Ова кусо видео од 40 секунди покажува како после голтање на ситни предмети во случај на гушење можете да го спасите животот на своето дете.

Имено, во Велика Британија во текот на истражувањето во амбулантите е утврдено дека 4 од 5 родители не знаат што треба да направат ако нивното дете почне да се гуши. Како резултат на тоа направено е ова видео кое им покажува на родителите како да реагираат во една ваква застрашувачка ситуација.

Главни актери во оваа приказна се секојдневните предмети кои најчесто предизвикуваат гушење на децата. Принцезата покажува како треба да се постави бебето свртено со лицето кон подот на своите колена и пет пати нежно да се удри по грбот. Ако тоа не успее, свртете го бебето кон себе и пет пати притиснете му ги градите. Ако на овој налин не успее да го исфрли предметот кој го попречува дотокот на кислород, потребно е да повикате брза помош. Ова видео настанало во јануари, а заслужно е за спасување на дури 36 животи.

loading...