Mајчиното млеко би можело да биде клучно за заштита од коронавирусот?

Мајчиното млеко е речиси волшебна напивка која ја произведува човечкото тело и во моментот е под интензивно проучување затоа што се смета дека токму тоа би можело да помогне во борбата против коронавирусот, наведува Motherly.

0
351

Без оглед дали сте доеле или не, не можете да негирате дека мајчиното млеко е едноставно фасцинантно. Во основа тоа е доказ дека мајките можат да произведат магичен напиток. Тоа се менува во зависност од потребите на детето, помага во борбата против алергии и го поттикнува имунолошкиот одговор.

Мајчиното млеко е речиси волшебна напивка која ја произведува човечкото тело и во моментот е под интензивно проучување затоа што се смета дека токму тоа би можело да помогне во борбата против коронавирусот, наведува Motherly.

Една од причините зошто мајчиното млеко е толку моќно е фактот дека содржи антитела кои им помагаат на бебињата да се борат со болеста. Антителата се важен дел од имунолошкиот систем на човечкото тело. Кога вирус, бактерија или друга закана го напаѓа телото, нашите крвни клетки произведуваат антитела за борба против инфекцијата. Исто така, овие антитела во краток рок создаваат имунитет на тој вирус.

Ребека Пауел, истражувач од Медицински факултет во Њујорк на „Маунт Синај“ го испитува присуството на антитела во мајчиното млеко кај жени кои биле изложени на коронавирус. Иако голем дел од тековните истражувања на антителата се усмерени на антитела во човековата крв, Пауел се фокусира на антитела кои се наоѓаат исклучиво во мајчиното млеко, што може да има некои биолошки предности.

Нејзината теорија е дека доилките во Њујорк, во моментов глобален епицентар на пандемијата, можат да развијат антитела како одговор на вирус кои потоа преку мајчиното млеко им се пренесува на нивните бебиња. Без оглед дали е жената позитивна на оваа болест, ако била  изложена на вирус и во моментот е здрава, тоа значи дека нејзиното тело можеби веќе поминало во акција со производство на антитела. Овие антитела може да бидат во можност да ги заштитат и доенчињата.

Пауел итно бара донации на мајчино млеко за нејзиното истражување, а стотици жени одговориле на нејзиниот повик, сакајќи да помогнат и да придонесат во научната борба против коронавирусот.

„Имам стотици имејлови од жени кои сакаат да учествуваат и многу од нив рекоа дека имаат многу сомнителна инфекција или позитивен тест“, рекла Пауел за Vice News.

Како резултат на тоа, се поставува друго важно прашање.

„Ако откриеме дека има навистина силни антитела во млекото, дали може да се користат терапевтски, како што сега болниците ја користат плазмата од рековалесцентите – за лекување на оние што се навистина болни?“, се прашува Пауел.

Веќе знаеме дека доилките создаваат антитела за други болести, како грип и дека тие се пренесуваат преку мајчиното млеко за да ги заштитат доенчињата. Возбудливо е да се мисли дека жените на сличен начин би можеле да создадат силни антитела и на коронавирусот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]